EICMA мото шоуто почнува за само неколку дена и затоа не не изненадува фактот дека на интернет веќе почнаа да се појавуваат информации за некои модели. Денеска веќе видовме еден модел од компанијата Husqvarna.

EICMA мото шоуто почнува за само неколку дена и затоа не не изненадува фактот дека на интернет веќе почнаа да се појавуваат информации за некои модели. Денеска веќе видовме еден модел од компанијата Husqvarna.

Таму беше претставен моделот 2017 Husqvarna 401 Vitpilen, кој ќе биде еден од двата нови улични мотоцикли кои ќе бидат претставени на EICMA заедно со уште еден уличен концепт.

ktm 800 duke headlight teaser

Од КТМ очекуваме да претстават неколку мотоцикли, особено од линијата Duke. Компанијата ја потврдија оваа информација но се уште не соопштуваат кои ќе бидат моделите што ќе ги претстават.

За сезоната 2017, очекуваме свое деби да има KTM 800 Duke, дво – цилиндричниот уличен мотоцикл кој треба да продолжи од онаму каде што застана Husqvarna Nuda 900. Оваа машина се очекува да биде главниот модел на КТМ на мото шоуто, а веројатно ќе биде и дел од промотивното видео.

Очекуваме компанијата да претстави и уште два Duke модели, односно моделите KTM 1290 Super Duke R и KTM 390 Duke да добијат подобрена верзија за следната сезона.

KTM 390 Duke речиси сигурно ќе го има предното светло кое што за прв пат го видовме за време на INTERMOT шоуто кај моделот KTM 1290 Adventure R.  Очекуваме истиот дизајн да се појави и кај уште неколку модели на KTM.

Кај моделот KMT 1290 Super Duke R, промените очекуваме да бидат повеќе во однос на еволуција на моделот отколку на револуција.

Новите модели на КТМ ќе ги видиме во вторник, 8-ми ноември. Останете со нас за да дознаете повеќе детали. 

http://www.ktmdukes.com/globalassets/videos/cm_20161028_duke-teaser-alley-v1_microsite_low.mp4

Back To Top