Ова е електричниот мотоцикл Curtiss Zeus 8, продукциска верзија на концептот V8 Hera.
Ова е електричниот мотоцикл Curtiss Zeus 8, продукциска верзија на концептот V8 Hera кој ќе се најде во производство во 2020 година. Благодарение на Fast Radius, компанија која се заминава со 3Д принтање, беа креирани 60 делови за Zeus 8. Мотоциклот ќе чини околу 67 000 евра.
„Целта на Curtiss е да создаде одржливи и посакувани мотоцикли“, изјави Метју Чејмберс, извршен директор и претседател на управниот одбор.
„Соработката со Fast Radius ќе ни помогне навреме да го произведеме Zeus 8, а со тоа и да ја задоволиме побарувачката.“
Мотоциклот за прв пат беше изложен пред јавноста минатата недела за време на мото собирот во Калифорнија. Тој има моќност која е еквивалентна на 214bhp. Со нетрпение го чекаме тест возењето.