(Време на читање: 1 - 2 минути)


BMW Motorrad преку официјалните канали објави тизер за нов naked мотоцикл со мала зафатнина, кој според сите најави ќе го носи името F 450 R. Официјалната премиера на овој модел, дизајниран специјално за возачи со А2 возачка дозвола, е закажана за четврток, 1 октомври, во 16:00 часот.

Новиот модел ја користи истата техничка платформа како и неодамна претставениот F 450 GS, што е резултат на долгогодишната соработка меѓу германскиот производител и индискиот партнер TVS Motor, која трае уште од 2013 година.

bmw-f-450-r

Срцето на мотоциклот е двоцилиндричен агрегат во линија со зафатнина од 420 кубика, кој испорачува 48 КС, што претставува законскиот максимум за категоријата А2. Дизајнот на F 450 R е насочен кон градска агилност, со ергономија која вклучува спуштено седиште и позиција на ногарките што овозможува лесно маневрирање.

Технички детали и опрема

Шасијата на naked моделот е базирана на челична решетка, додека за стабилноста на патот се грижат 17-инчни тркала од лесна легура со пет краци. Системот за сопирање на предното тркало се потпира на еден диск. Markus Flasch, извршниот директор на BMW Motorrad, уште за време на EICMA 2025 најави дека платформата 450 ќе се прошири надвор од GS сегментот, потврдувајќи ја стратегијата на брендот за овој сегмент.

Технолошкиот пакет вклучува TFT дисплеј во боја со можност за конективност и Full LED осветлување. Се очекува во понудата да се најде и премиум варијанта опремена со системот BMW Easy Ride Clutch (ERC), иновативна електро-активирана спојка која ја елиминира потребата од користење на рачката на левата страна при стоење.

Сите детали ќе бидат познати на 1-ви октомври и ние во целост ќе ги пренесеме. Следете нѐ.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: