Игор Спиров - Зизи за трките од Источно Европскиот шампионат ќе ја има поддршката од увозникот на моторното масло Мотул за Македонија.

zizi-motul

Игор Спиров - Зизи за трките од Источно Европскиот шампионат ќе ја има поддршката од увозникот на моторното масло Мотул за Македонија.

Зизи годинава ќе биде единствен претставник од Македонија во класата SBKS600 во Источно Европскиот шампионат. Со својот Suzuki GSX-R 600 во овој шампионат тој настапува од 2008-ма година, а најголемиот успех го имаше во 2012 година кога во генералниот пласман заврши на четвртата позиција со заостанување од само 4 бодови зад трето пласираниот.

Минатата година тој во ова натпреварување заврши како 6-ти од вкупно 55 возачи, а за споредба во 2012 година кога го освои четвртото место во шампионатот се појавија 38 возачи.

Имајќи ја во предвид очајната ситуација во која се наоѓаме сите кои се занимаваме со мото трки, секоја помош е добредојдена. Мотул ми излезе во пресрет за претстојната сезона, снабдувајќи ме со моторно масло како и средствата за подмачкување и чистење на ланец, глицерин, и се што ќе ми биде потребно за трките. За овој гест сум им крајно благодарен, а се надевам дека преку одличните резултати ќе имам прилика да им се оддолжам. изјави Спиров

Спонзорите кај мотоциклистите во Македонија се навистина ретки, сите кои се занимаваат со мото спортот се соочуваат со финансиски потешкотии да обезбедат минимални средства за да можат да настапат на трките. Поголем спонзор како што е случајот во соседните земји кај нас не постои, и добро е што барем Мотоциклистичката федерација на Македонија го помага брзинскиот мотоциклизам со плаќање на патни трошоци за натпреварувачите во Источно Европскиот шампионат како и повремено снабдување со гуми.

Back To Top