MK мотоциклисти на меѓународни трки

Три подиуми за Македонските возачи на трката во Бугарија

Дождливото и ладно време на патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) им донесе радост на тројца наши возачи.

Следете нè на:

 

Третата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам викендов се возеше на патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија). Викендов Македонија имаше пет претставници кои настапија во класите SP125 и F1000. Во класата SP125 настапи Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје), а во „големата“ класа ги проследивме Слободан Ивчески (МК Сакамото), Игор Спиров (МК Ендуро Тим - Водно Скопје), Сашо Николов (МК Мотори) и Драженко Тинтор (МК Мотори).

IMGP3442Македонскиот тим за време на отворањето на трката

Зимските услови кои ги имаа нашите возачи во Романија продолжија и во Бугарија. Саботните квалификации се одржаа на топло и суво време, но неделното утро донесе значително поладно време и дожд. На саботните квалификации нашите возачи имаа одлични резултати, Бузалковски забележа второ време во конкуренција на 12 возачи, а во класата F1000 Слободан Ивчески дојде до пол позицијата. Тој забележа најбрзо време од 1:39.220 и заедно со Игор Спиров беа единствените возачи со време под границата од 1:40. Игор Спиров со 1:39.474 го завзема второт место на стартната позиција, а Сашо Николов шестото. Драженко Тинтор на квалификациите беше осми.

Во саботата Игор Спиров се соочи со неколку проблеми со својот мотоцикл, но благодарение на заедничките напори на македонските учесници неговиот мотоцикл беше оспособен. Предниот бандаж беше видно оштетен од ударот во банкините на патеката. Спиров помина неповреден од ударот но неговиот мотоцикл не беше во возна состојба, а опциите беа сведени на минимум. Иако возат еден против друг, возачите и механичарите прикажаа спортски дух и пријателството во боксот на Спиров какво се надеваме дека ќе почесто ќе гледаме на трките. Мотоциклот беше оспособен, а Спиров продолжи со вторите квалификации кога го постигна и одличниот резултат.

IMGP3269Предниот бандаж на Спиров за време на поправките

Неделата започна со силен дожд на патеката, па на загревачките кругови повеќето од возачите воопшто не излегоа. За среќа дождот прекина но трката во класата SP125 сепак беше прогласена за мокра заради големите вирови со вода по целата патека. Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) стартуваше од втората позиција но не успеа да ја задржи позицијата. Жулиета Ленкова и Милен Георгиев се бореа за првата позиција до последниот круг, а на крајот по успешен беше Милен Георгиев кој за прв пат сезонава ја симна Ленкова од победничкиот пиедестал. Бузалковски возеше одлично со оглед на условите на патеката, па иако на момент се опушти и дозволи да му се приближи бугарскиот возач, тој го зголеми темпото и на крајот тој дојде до третата позиција со голема предност.

IMGP3479Бузалковски успешно го одбрани третото место и дојде до значајни бодови

Во класата F1000 од четворицата наши претставници на трката настапија само тројца. Драженко Тинтор (МК Мотори) имаше пад за време на загревањето на кој се здоби со полесна повреда и одлучи да не настапи на тешките услови на патеката. Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) стартуваше од првата позиција која за жал му ја препушти на бугаринот Петар Даинов. Даинов со своето BMW одлично се снајде на ладната и мокра патека и дојде до втората победа во сезоната. Ивчески иако возеше со послаб мотор без електронски додатоци одлично го следеше Даинов до самиот крај на трката и дојде до втората позиција која му го потврди првото место во генералниот пласман. Конкурентот во борбата за титулата Калојан Ангелов не настапи на трката иако на квалификациите имаше трето време.

Пријатно изненадување беше возењето на ветеранот Сашо Николов - Тумац (МК Мотори) тој по подолг период се врати на патеките и покажа дека искуството кое го има е огромно, притоа освојувајќи го третото место во Плевен. Николов стартуваше од шестата позиција, за време на трката успеа да помине двајца возачи за во последниот круг да го помине и Јордан Пашов (Бугарија) и да се искачи на пиедесталот во првата негова трка во оваа сезона.

Сите слики од трката можете да ги погледнете на следниот линк: http://motori.com.mk/foto/category/365-bmu-evropski-sampionat-3

Игор Спиров (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) имаше одлични квалификации но лоша трка. Гумите за дожд кои ги имаше не беа на висина на задачата, па иако стартуваше од втората позиција на крајот мораше да се задоволи со седмото место. Свесен за ризикот од пад тој одлучи да ја заврши трката без да ризикува и да ги прокнижи бодовите кои ќе му помогнат да остане во борба за челните позиции во генералниот пласман.

Во екипен пласман Македонија го освои второто место.

Би можело да ве интересира

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

„Марк Маркез имаше успешна операција на левото рамо и сега ќе започне со рехабилитација која ќе трае шест недели“

Како што предвидовме, се чини дека нема да чекаме премногу долго за да ја видиме продукциската верзија на Aprilia RS 660 спортскиот мотоцикл. На Фејсбук веќе се појавија фотографии каде што може да се види дека веќе е започнато со тестирањето на машината.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.