На втората трка од Балканскиот ендуро шампионат кој ке се одржи викендов (13/14.05) во Гревена Грција ќе настапи единствениот наш преставник Драган Ванов (МК Мото Велес).
На втората трка од Балканскиот ендуро шампионат кој ке се одржи викендов (13/14.05) во Гревена Грција ќе настапи единствениот наш преставник Драган Ванов (МК Мото Велес).
Ванов ќе настапи во класата Е1 јуниор за возачи до 23 години. Трката која ќе се вози два дена ке биде екстремно тешка, имајќи предвид дека оваа патека и специјалните тестови, (еxтрим, ендуро и крос тестот) се подготвени неодамна за трката од светскиот ендуро шампионат Ендуро ГП која ке се одржи во Гревена на крајот на јуни.
За Драган ова е втора трка која ќе ја вози сезонава, се надеваме дека ќе ја заврши успешно како и првата, од него очекуваме добра трка и бодови кои ќе значат многу во конечниот пласман во овој шампионат.