На последниот состанок на Балканската Мото Унија (БМУ) на која присуствуваа тројца претставници на МФМ беа презентирани промените во правилникот за Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

306535 4129725092156 883844115 n

На последниот состанок на Балканската Мото Унија (БМУ) на која присуствуваа тројца претставници на МФМ беа презентирани промените во правилникот за Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Според новите правила во класата до 125цм3 (SP Junior) од сега ќе може да се натпреваруваат возачи до 21 година, за разлика од сегашниот правилник според кој настап во оваа класа имаа возачи со возраст до 18 години. Заради оваа причина нашиот успешен тркач Марин Сугарев од Велес беше приморан да ја стави кариерата на пауза.

Објаснувањето од БМУ е дека возачите со навршени 18 години се премногу млади и неискусни за да ги заменат мотоциклите од 125цм3 со оние од 600цм3. Тука се и трошоците кои возачите и тимовите ги прават за релативно краток период, а со новиот правилник секој возач ќе ја продолжи кариерата додека да наполни 21 година. Се надеваме дека Сугарев ќе има можност повторно да ги покаже своите квалитети и со тоа да и донесе на Македонија нови бодови од Источно Европското првенство.

Втората промена во правилникот се однесува на досегашната обврска за промена на класата од SBKS во SuperStock за првите тројца во шампионатот. Досегашниот правилник ги обврзуваше првите тројца во класата сериски супербајк SBKS да преминат во посилната класа SuperStock 1000, а од сега возачите самите ќе одлучуваат дали ќе сакаат да преминат во посилната класа.

Ова е направено со цел да се намалат трошоците за трките, но истовремено и за да се избегне ситуација во која шампионот во една класа би престанал со трки само затоа што нема доволно средства да го подготви својот мотор за посилната класа во која е обврзан да вози.

Новите правила се во интерес на возачите, и се надеваме дека БМУ во иднина ќе продолжи да ги брани интересите на оние за кои постои, тркачите.

Back To Top