MK мотоциклисти на меѓународни трки

Слободан Ивчески - Цобо: Со нетрпение ја очекувам новата сезона

Само една недела не дели од почетокот на новиот БМУ Европски шампионат во брзински мотоциклизам, разговараме со Слободан Ивчески - Цобо кој ќе се обиде да го подобри одличното трето место кое го освои минатата година во ова регионално натпреварување.

Следете нè на:

 

Само една недела не дели од почетокот на новиот БМУ Европски шампионат во брзински мотоциклизам, разговараме со Слободан Ивчески - Цобо кој ќе се обиде да го подобри одличното трето место кое го освои минатата година во ова регионално натпреварување.

serres 2016 2 30Слободан Ивчески - Цобо

Дали си подготвен за новата сезона?

- Тоа ќе се види на првата трка, кој колку е подготвен. Физички се подготвувам цело време, од октомври па до денес секој ден имам подготовки. Со мотоциклот немам тренинг бидејќи и нема каде да се тренира, па ќе мора да почекаме да се створат услови за тренинг во Серез. Зимските подготовки генерално ги поминав добро и сум задоволен од постигнатото.

Дали си задоволен од резултатот кој го забележа минатата година?

- Да, секако дека сум задоволен, го освоив третото место во класата до 1000цц на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Имав шанса и за втората позиција но се случија некои работи за кои сметам дека не беа фер. На последната трка еден од бугарските возачите имаше ран старт и не беше казнет, а истото ми се случи и во Романија со нивни возач па на крајот останав без бодовите кои ќе ги имав доколку возачите беа санкционирани. Во секој случај задоволен сум од постигнатиот резултат.

Оваа година предвидени се 14 трки, дали си подготвен за тоа темпо?

- Да, во календарот се впишани 14 трки, лично мене ми се допаѓа тоа бидејќи ќе има трки и ќе биде возбудливо, но од друга страна ќе биде проблем финансиски да се покрие сето тоа. Јас ќе настојувам да се појавам на сите трки и да го извозам целиот шампионат, а тоа ќе зависи најмногу од финансиската конструкција односно гумите кои се најголем проблем. Се надевам дека ќе смогнам сили да обезбедам нови гуми за трките, а со поливни да возам на тренинзите и квалификациите.

Која е твојата цел за оваа сезона?

- Целта е да бидам на подиумот на секоја трка. Ќе се обидам да го остварам тоа но ќе зависи и од подготвеноста на другите возачи како и тоа кој со што ќе настапува. Јас ќе се натпреварувам со истиот мотоцикл како минатата година, немам никакви преправки на него, се работи за скоро целосно фабрички мотоцикл.

Што ти недостасува од опрема, односно што може да се надогради на моторот?

- Па може се да се надогради, од кочници до електроника, како што кажав вака како што го возам скоро и да е фабрички, нема некои позначајни подобрувања, а сепак постигнувам солидни резултати. Возам со стандарден амортизер и напред и позади, а исто и гумите ми се проблем. Кога би имал услови и мотоцикл каков што вози конкуренцијата сигурен сум дека ќе имам и подобри резултати.

Од кого имаш најголема поддршка?

- Најголема поддршка имам од пријателите. Би сакал да им се заблагодарам на спонзорите кои ме помагаат со гуми, бензин и моторно масло. Голема благодарност и до моите пријатели од CMA Macedonia.

Наодамна јавно ја критикуваше работата на МФМ, што беше причината за ваквиот чекор?

- Причината е што веќе 5-6 години немаме трки во Македонија, нити пак се најавува дека ќе има нешто ново во иднина. Едноставно нема желба нити иницијатива нешто да се промени од нивна страна. Дека може да се направи нешто тоа е факт, појдете од трките кои Сакамото ги организираше пред неколку години во форма на куп натпреварување, па дури и трките во Волково, какви и да беа од нив произлегоа деца кои сега ги гледаме на патеките. Доколку не се превземе нешто по однос на ова прашање македонскиот мото спорт целосно ќе замре.

Дали продолжуваш да возиш за својот клуб или има промена?

- Останувам да возам за Сакамото, клубот сега има нови членови и си продолжува со активната работа.

Нешто за крај?

- Со нетрпение ја очекувам новата сезона, благодарност до сите кои ме помагаат на било кој начин, се надевам дека бројот на спонзори ќе се зголемува и ќе можеме достојно да ја претставиме Македонија на претстојниот БМУ Европски шампионат во брзински мотоциклизам.

Би можело да ве интересира

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Драго ми е што прашавте. 138! Претходната верзија, четири-цилиндричната Honda CBR600, според компанијата имаше нешто помалку од 130 коњски сили.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.