Ендуро тим - Водно Скопје во Капитол Мол ги претстави возачите кои ќе настапуваат за нив оваа сезона, Игор Спиров - Зизи и Христијан Бузалковски.

Ендуро тим - Водно Скопје во Капитол Мол ги претстави возачите кои ќе настапуваат за нив оваа сезона, Игор Спиров - Зизи и Христијан Бузалковски.

Клубот кој е релативно нов на нашата мото сцена на најдобар можен начин ги презентираше своите возачи. Мотоциклите на Спиров и Бузалковски веќе неколку дена се изложени на видно место во Капитол Мол, а денешната презентација пред новинарите од бројни медиуми само ја заокружи успешната кампања.

Ендуро тим - Водно Скопје во соработка со Мотул и Попе Компани покажа ново ниво на комуникација со медиумите, нешто што навистина недостасуваше, а се надеваме дека примерот ќе го следат и останатите клубови.

endurot team vodno 10

За Спиров и Бузалковски нема потреба многу да пишуваме, добро се познати во моторџиските кругови, а двајцата наши возачи следниот викенд го започнуваат подвигот во БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоиклизам кој ќе се вози според следниот распоред:

БМУ Европски шампионат во брзински мотоциклизам 2017
Трка Датум Патека Земја
1 и 2 7-9 април Серез Грција
3 и 4 22-23 април Мотор Парк Романија
5 29-30 април Плевен Бугарија
6 и 7 20-22 мај Мотор Парк Романија
8 и 9 7-9 јули Серез Грција
10 26-27 август Плевен Бугарија
11 23-24 септември Батајница Србија
12 01-02 октомври Плевен Бугарија
13 и 14 27-29 октомври Серез Грција
Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.