Благодарение на соработката помеѓу Ванчо Насков и „Trofeo Italiano Amatori“ од Италија, македонските мотоциклисти ќе имаат неверојатна можност да настапат на трка од италијанскиот куп на легендарната патека Муџело.
Се работи за две трки кои ќе се одржат од 20-ти до 22-ри Август на „Катедралата на брзината“, легендарната патека Муџело во Италија.
Според програмата на 20-ти август се закажани слободни тренинзи, а на 21 и 22-ри август квалификации и трки (вкупно две трки во викендот).
Контактите со италијанската страна овозможија настап на трките за македонски мотоциклисти кои ќе сакаат да настапат на отворениот куп.
Според техничките пропозиции освен тркачка лиценца за натпреварувачите ќе биде задолжителна подготовка на мотоциклот според барањата за Алпе Адриа шампионатот (целосни тркачки оклопи со затворено корито со затки, сунѓер во резервоарот, сигурносна заштита на шепите, капачето за масло и филтерот за масло, штитник за предната кочница итн...). Дополнително, секој натпреварувач е обврзан да купи еден сет Metzeler гуми од организаторот на трките по цена од 380€ за слик (за мотоцикли од 1000цц) и гума со шара по цена од 390€ (за мотоцикли од 600цц), а од оваа цена ќе биде одбиено 20% ДДВ. Останатите сетови на гуми кои ќе се користат не се ограничени и зависат од самиот возач.
Котизацијата за настап изнесува 890€ по возач, за превозот во зависност од заинтересираноста би се направила групна понуда со носење на повеќе мотоцикли со комбе и приколка при што грубата пресметка е дека транспортот би изнесувал околу 300 евра од човек. Секако калкулациите ќе зависат од бројот на пријавени и бројот на мотоцикли качени на приколка и во комбе.
На самата патека е обезбеден кампинг простор со пристап до вода и струја, дополнително достапен е и споделен бокс за сите технички потреби за средување на мотоциклите.
Се работи за уникатна прилика која вистинските познавачи на мото спортот не би ја пропуштиле! За сите дополнителни информации контактирајте го Ванчо на 075/227-843 или на