Четворица македонски тркачи ќе настапат на последните трки од Источно Европскиот шампионат кои викендов се возат на патеката Плевен во Бугарија.
Четворица македонски тркачи ќе настапат на последните трки од Источно Европскиот шампионат кои викендов се возат на патеката Плевен во Бугарија.
Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам дојде до последната рунда, овој викенд на патеката Плевен во Бугарија ќе бидат познати шампионите за сезоната 2015.
За македонската јавност посебно возбудлива е борбата во класата SP 125, во која двајца наши натпреварувачи котираат високо на табелата. Христијан Бузалковски (МК Мотори) и Аргетим Рамадани (МК Мотори) беа постојано на врвот во оваа класа, па затоа и веќе е извесно дека во првите тројца на крајот од шампионатот ќе има наш тркач.
За жал Аргетим Рамадани нема да настапи на последната трка, во разговорот со него тој изјави дека мотоциклот не е подготвен за оваа патека и неговите мисли се веќе кон следната сезона. Затоа пак младиот и талентиран Христијан Бузалковски веќе утре ќе отпатува за Плевен каде ќе ја брани третата позиција која ја има во генералниот пласман.
Во класата F600 повторно на патеката ќе го видиме Игор Спиров - Зизи (МК Гого). Нашиот најдобар натпреварувач оваа сезона немаше среќа па по падот во Грција и пропуштената трка во Бугарија и Романија не се наоѓа на позицијата на која сме навикнати да го гледаме. Сепак радува фактот што тој не се откажува туку напротив, мотивиран е како никогаш до сега и се надева на добар резултат на последната трка во шампионатот.
На трките од отворениот Источно Европски шампионат во супермото Македонија ќе има двајца претставници, Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) и Јове Иванов (МК Мото Велес). Ивчески по пауза од една сезона се враќа на супермото трките, додека пак за Иванов ова ќе биде прв настап на ова натпреварување.
За оние кои ќе се одлучат да отпатуваат до Плевен да ги поддржат нашите тркачи, саатницат за недела е следна: