Викендов во Србија на патеката Навак се возеа 3 и 4 трка во рамките македонскиот и БМУ европскиот шампионатот во врзински мотоциклизам.
Традиционално, домашните возачи повторно остварија забележителни резултати. Христијан Бузалковски во класата F600 го освои првото несто во двете трки и во саботата и во неделата.
- Имавме одличен викенд, без сериозни грешки. Навистина уживав на патеката, моторот беше одлично подготвен и за тоа им благодарам на целата моја екипа и спонзорите. Сега е време да се фокусираме на следните станици, веќе следната недела ќе возам во Бугарија за нивниот национален шампионат а а потоа продолжуваме на 17 јуни уште еден викенд во Серес за БМУ европскиот и националниот шампионат - изјави ексклузивно за мотори.ком.мк Христијан Бузалковски.
Павле Ташковиќ во класта F600 во првата трка го освои 16-то а во втората 9-то место во БМУ со што обезбеди на два пати второ место во националниот шампионат.
На трето место во националниот шампионат во класата F600 се пласираше Иво Таневски освојувајќи го на два пати 17-то место во вкупниот БМУ поредок.
Во класата F1000 во двете трки втората позиција беше резервирана за Синиша Кочовски, со што всушност на два пати ја освои првата позиција во националниот шампионат. Во истата класа Слободан Ивчевски го освои 4 место во БМУ и второто во националниот шампионат, додека пак во втората трка, вкупно четврта во сезоната, се искачи место погоре и заврши на третата позиција во БМУ и втор во националниот шампионат.
Сашко Николов во класта F1000 се пласирање на 11 и 10 место што му го обезбеди на два пати 3-то место во националниот шампионат. Истиот возач во класата Old TImer над 250cc на два пати го освои третото место.