Петмина македонски мотоциклисти ќе ја претставуваат Мотоциклистичка федерација на Македонија

Петмина македонски мотоциклисти ќе ја претставуваат Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на првиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат на кружни патеки кој ќе се одржи на 14 април на патеката во Серес, Грција.

Игор Спиров (МК Гого, Сузуки) и оваа година ќе настапува во класата супербајк до 600 ссм. Тој минатата година го оствари најголемиот македонски успех во оваа конкуренција освојувајќи го четвртото место во генералниот пласман. Во истата класа ќе настапи и повратникот на патеките Благоја Мартиновски (МК Сакамото, Кавасаки).

Igor Spirov

Искусниот Сашо Николов (МК Тумац, Јамаха) ќе се обиде да продолжи со успешните настапи во класата супербајк до 1000 ссм. Минатата година Николов беше на делбата од петтото место во конечниот пласман. Слободан Ивчески (МК Сакамото, Сузуки) по две години настапи во супермото одлучи да настапува и на кружни патеки. Нивниот меѓусебен дуел ќе биде посебно интересен за македонската јавност со оглед на тоа што се работи за повеќекратни национални шампиони.

519 Nikolov

Ефтим Велјановски (МК Гого, Јамаха) ќе биде единствен наш претставник во класата супершток до 1000 ссм.

74 Veljanoski

Back To Top