Борче Костов - Жолт, Јове Стојков - Јовтиќ, Мирче Ќорнаков, Васко Киров, Саше Трајков, Борис Мојсовски, Никола Дабиќ, Николче Тодоров - Мајорот, Илија Минев, Јован Јовановски и Ангел Ристов се натпреварувачите кои оваа сезона ќе носат бодови за МК Ноќни Волци.
Борче Костов - Жолт, Јове Стојков - Јовтиќ, Мирче Ќорнаков, Васко Киров, Саше Трајков, Борис Мојсовски, Никола Дабиќ, Николче Тодоров - Мајорот, Илија Минев, Јован Јовановски и Ангел Ристов се натпреварувачите кои оваа сезона ќе носат бодови за МК Ноќни Волци.
Нај популарниот мото клуб во земјава од оваа сезона под своја закрила зема 11 мотокрос возачи кои ќе настапат на домашните шампионати, но и во мотокрос шампионатот на Грција како и Источно Европскиот шампионат во мотокрос.
Дел од нив веќе настапија на првата трка од ИЕШ во Јаница, каде Мирче Ќорнаков и Борче Костов дојдоа до 5-та и 6-та позиција во класата MXV со прокнижани 30 бодови. Следната трка од ИЕШ се вози на патеката Бурса во Турција на 25-26 април каде повторно се очекува настап на нашите кросисти. По втората трка од ИЕШ возачите на МК Ноќни Волци на 10 мај ќе настапат и на трката од Грчкиот шампионат во мотокрос.
Благодарение на помошта од клубот и претседателот Ленин Јовановски возачите ќе имаат можност да се натпреваруваат во подобри услови, а со самото тоа и да донесат повеќе поени и пехари за МФМ од овие натпреварувања, како и да го популаризираат и подигнат нивото на мотокросот во земјава.
Во продолжение следува и календарот за трки во ИЕШ во мотокрос
МОТОКРОС | |||
# | Датум | Патека | Земја |
Рунда 1 | 05 април 2015 | Јаница | Грција |
Рунда 2 | 12 април 2015 | Гевгелија | Македонија (ОДЛОЖЕНА) |
Рунда 3 | 26 април 2015 | Бурса | Турција |
Рунда 4 | 07 јуни 2015 | Крешево | Босна и Херцеговина |
Рунда 5 | 28 јуни 2015 | Глобаре | Србија |
Рунда 6 | 30 август 2015 | Самоков | Бугарија |
Рунда 7 | 04 октомври 2015 | Тројан | Бугарија |