Пред да тргнете на вожња со сопатник на мотор,не помислувајте дека на него му е познато како треба да се однесува  на задното седиште,туку одржете му кратка лекција за тоа која е неговата улога и како треба да се однесува при возењето...

-Ќе му објаснам дека ТОЈ е главен во вожњата,и ако треба да се намали брзината,или застане...тоа и ќе го сториме.Ќе се потрудам да му објаснам дека немам намера да го исплашам,туку да му ја направам вожњата поубава,и да ужива во неа.

-Да разбере дека тоа уживање има и своја цена:

-Многу добро треба да изврши  четири задачи, а и да вети дека НА мотор и ОД мотор ќе се качи и симне само тогаш кога јас ќе му дозволам.Тогаш кога со двете нозе цврсто ќе стојам на земја, кога моторот ќе биде во ЛЕР, и страничниот штендер спуштен, и најважно..кога ќе му климнам со главата дека може.

- Мора да вети и дека кога ќе се качува/симнува, ќе се потруди својата тежина да ја насочи на моторот (не да го влече моторот према себе,туку самиот да се "бутка"према моторот кога ќе стапне на папучата.)

- Однапред се договараме за сигналите: "успори " "застани" ("убрзај" !!!) му објаснувам  и тоа дека не треба да пробува да комуницира со мене, затоа што ништо нема да се разбереме. Ако е нешто важно, нека даде знак "застани" и ќе застанеме, ако не е толку важно, ќе почека до прво застанување.

- Што се однесува до самото возење,му објаснувам дека е најдобро да се однесува како "вреќа компир", никако да се труди да ми "помага" во кривини !!! едноставно да се опушти и да ужива.

Ако треба да се поднамести...тоа да го стори полека, нежно и без нагли покрети.

- На сопатникот му кажувам, како јас не сум имал незгоди предходно, ама без разлика на тоа, ТОЈ да не пробува со спуштање на ногата од папуча да ми помага во случај на паѓање, најдобро е нозете и рацете да ги држи уз телото и моторот..

Што се однесува до споменатите четири задачи за сопатникот:

. Мора да ги поздрави сите моторџии кои ќе ги сретнеме по пат

. Да им мафне со рака на сите полицајци кои се надвор од своите возила(посебно на мотористите)

. Да ги отпоздрави сите деци и возрасни кои покажуваат интерес за нашето поминување

. На јавноста да даде до знаење дека ние УЖИВАМЕ на моторот, поготово кога ќе застанеме.

И уште нешто.....моите (лични) правила за вожња со сувозач:

- Единствена работа која се трудам да ја објаснам е таа дека вожњата со мотор може да биде

   многу безбедна и полна со уживање за двајцата.

- За мене е предизвик да "шалтам " во/од брзина а сопатникот не примети,односно да не му "кршам" врат.

- Тргнувањето и застанувањето е исто работа кај што се трудам на потполна мекоќа, сопатникот да не осети кога сум тргнал,кога застанал.

Ексклузивно за  motori.com.mk,
Превел од Српски: М.Скопје

Back To Top