За прв пат оваа година го вадите мотоцикл од гаражата.

За прв пат оваа година го вадите мотоцикл од гаражата. Задоволни седите во вашиот двор после неколку месеци поминати без да се качите на мотоциклот. Го стартувате и веднаш ги забележувате погледите на вашите соседи. Но температурата сега е доволно висока а денот е долг. Ништо повеќе не може да ве спречи да излезете на отворен пат.

Но, за добро да го подготвите вашиот мотоцикл и да имате безбедно возење, треба да сторите нешто повеќе. Треба да направите целосна инспекција на системите за да се осигурате дека ќе имате безбедно возење во сезоната која престои.

Ќе се чувствувате многу подобро знаејќи дека во целост ги следите правилата и протоколите. Наречена T-CLOCS, оваа процедура ги опфаќа пневматиците, контролите, светлата, маслото, шасијата и уште неколку други работи на вашиот мотоцикл. Во овој текст, детално ќе ги разгледаме сите работи.

Пред да почнеме, земете го упатството кое ви дојде заедно со мотоциклот. Потоа добро исчистете го мотоциклот. Така е многу полесно да видите дали нешто не е на свое место.

Да почнеме.

Пневматици, тркала, сопирачки

Она на што треба да посветите големо внимание е шарата на пневматиците. Затоа треба да направите детална проверка за да видите дали вашата гума е се уште добра. Кај оној дел што сметате дека е најоштетен, проверете дали шарата има длабочина од најмалку 1/32 инчи. Во зависност од вашиот стил на возење, гумата на вашиот мотоцикл можеби е повеќе оштетена по централниот дел отколку по рабовите.

spring riding txt 1 10 05

Видете дали гумата има пукнатини или пак премногу тврди делови. Тоа би можело да биде знак дека гумата едноставно е премногу стара. Внимавајте и на меките делови кои може да се јават во текот на зимската пауза кога не го возите мотоциклот и тој само стои во вашата гаража. За крај, проверете ги и страничните делови на гумата за да видите дали се добро наместени на бандашот.

Доколку е се во ред со гумата, тогаш проверете го нејзиниот притисок. Повеќето пневматици ќе загубат дел од воздухот во текот на зимата. Затоа немојте да се изненадите доколку притисокот биде понизок.

Доколку вашата гума има испакнати делови, тогаш проверете дали некој е скршен или пак некој недостасува. Исто така проверете ја и нивната цврстина. Земете штрафцигер и удрете по нив. Слушнете го звукот кој ќе се направи. Доколку звукот е чуден, тоа е знак дека тие се премногу лабави.

Завртете го тркалото и видете дали е убаво наместено. Секакво изместување поголемо од 5 милиметри хоризонтално или вертикално е недозволиво.

Следно, завртете го тркалото. Тоа треба да се врти без никаков проблем и да не прави никаков звук. Проверете ги лагерите да не имаат некакво оштетување. Доколку имаат црвено- кафена боја, заменете ги.

spring riding txt 2 10 05

Споредете ја моменталната состојба на плочките на сопирачките со спецификациите кои ги има во правилникот. Не се плашете да ги замените бидејќи тие се најважниот дел. Доколку не го направите тоа навреме, покрај тоа што ќе си наштетите себеси за време на возењето, ќе му наштетите и на мотоциклот.

На крај, притиснете секоја од сопирачките оделно додека се врти тркалото на мотоциклот за да се осигурате дека се е во ред.

Контроли

Во однос на контролите, рачките треба да ви бидат прави и да можат лесно да се вртат. Краевите треба да бидат безбедни и цврсти. Не треба да слушате никаков звук кога ги вртите.

Сопирачките треба да ви бидат добро прилагодени и затегнати. Проверете дали има некаде пукнатини и притиснете ги силно. Ако се лепливи, подмачкајте ги навртките. Подмачкајте го менувачот и каблите исто така и проверете ги краевите дали се добри.

Сите жици треба правилно да ви бидат наместени. Ако мотоциклот се уште ги има оригиналните кабли, тогаш најверојатно тие се наместени исправно. Но исто така во правилникот имате и дијаграм доколку сакате да ги проверите. Генерално, тие треба да бидат слободни и не треба да бидат во близина на рачките за возење и на суспензијата. Избегнувајте остри агли и гледајте сите кабли да бидат на свое место.

spring riding txt 3 10 05

Ако имате хидрауличен менувач и сопирачки, осигурајте се да нема никакви прекинати делови или пукнатини. „Еднаш ми се случи напукнување на кабелот поради остатоците на патот“ , вели Бил Шафер. „Никогаш не очекувате нешто такво затоа детално прегледајте ги сопирачките како и сите други делови.“ Потоа притиснете на гаста за да го видите преносот на моќта.

Додека се занимавате со рачките, наместете ги ретровизорите. Можеби сте ги изместиле додека го вадевте мотоциклот од гаражата.

Светла и Електроника

Понекогаш есенската подготовка на мотоциклот е од големо значење за успешна пролет. Се надеваме дека батеријата била на полнач во текот на зимата и во тој случај треба само да ги исчистите приклучувачите и да ги подмачкате. Но и тоа не е сто проценти сигурно.

„Еднаш ми откажа батеријата во текот на зимата“ , изјави Шафер. „Ја наместив батеријата бидејќи таа покажуваше дека е во ред додека беше на полначот. Но, таа не работеше.“ Верувајте ми на ова што ќе ви го кажам и секогаш проверете ја волтажата на батеријата пред да ја наместите.

Купете го потребниот алат кој сигурно ќе ви заврши работа. Тоа е добра инвестиција и нема да морате да чекате помош доколку ви се случи нешто вакво додека возите. Доколку пак вашиот мотоцикл има проблеми при палењето или пак не се сеќавате кога последен пат ја променивте батеријата, тоа е добар знак дека наскоро треба да го направите тоа.

spring riding txt 4 10 05

Проверка на светлата е лесно. Леќите не треба да имаат никакви оштетувања ниту пак да има кондензација. Тестирајте ги пред да почнете да возите. Доколку некое светло не се пали, прво проверете ја сијаличката а потоа и каблите. Доколку не сте го возеле долго мотоциклот можно е да дошло до оштетување. Тоа сепак е малку веројатно. Доколку имате полнач за телефон или пак аларм, проверете ги и нив.

Масло и други течности

Кога последен пат го променивте маслото? Доколку не се сеќавате, тогаш треба веднаш да го направите тоа. Генерално, тука има три можности: направете го тоа на есен, направете го тоа на пролет, искористете ги двете опции.

Доколку го направите тоа на есен, тогаш во текот на зимата во вашиот мотоцикл нема да има валкано масло. Доколку пак вашиот мотоцикл во текот на зимата постојано бил надвор, промената на температурата може да влијае на маслото и да доведе до појава на влага. Доколку не можете да најдете безбедно место за мотоциклот, тогаш најпаметно е да направите промена на маслото на есен и на пролет.

spring riding txt 5 10 05

И во двата случаи, проверете го нивото на маслото. Кај повеќето мотоцикли тоа можете лесно да го направите. За правилно мерење, погрижете се мотоциклот да биде исправен.

Маслото не е единствената течност на која треба да посветите внимание. Проверете ја и хидрауличната течност. Било која од нив доколку стои подолго време може да доведе до појава на влага и корозија. Генерално гледано, овие течности треба да се менуваат секоја сезона но за да бидете сигурни, проверете го правилникот.

Доколку нивото на маслото е пониско, тогаш дополнете го. Но никако немојте да мешате два различни видови на масла. Доколку не сте сигурни какво масло има во вашиот мотоцикл, тогаш најпаметно е целосно да го извадите и да ставите ново.

Проблем може да ви предизвика и горивото кое останало во вашиот мотоцикл. Доколку пред зимата немате ставено стабилизатор за гориво, големи се шансите да ви се појават проблеми кога ќе почнете со возење. Најдобро е да го испразните целосно резервоарот и повторно да го наполните со ново, свежо гориво. Доколку и покрај сето ова имате проблеми со потрошувачката, тогаш ќе треба да ги исчистите вбризгувачите. Доколку не знаете како да го направите тоа, најпаметно е да го однесете мотоциклот на сервис.

Секогаш употребувај нови филтри за масло, воздух и гориво. Тоа е ефтино осигурување кое ќе овозможи се да функционира како што треба. И онака треба повремено да се мануваат па зошто да не го направите тоа пред да почне сезоната на возење. Доколку не сте сигурни какви филтри има вашиот мотоцикл или пак како да ги промените, проверете го дијаграмот во правилникот.

Шасија

Со само две тркала под вас, возењето мотоцикл преставува голема доверба. Треба да бидете сигурни дека нема да дојде до големо оштетување на мотоциклот доколку погодите некоја дупка. Предната вилушка нема да ве изневери при нагло и силно сопирање.

Да почнеме со рачките. Притиснете ги силно од еден до друг крај. Доколку има и најмал проблем, тоа значи лоши вести. Кренете го предното тркало и силно притиснете го предниот дел од мотоциклот. Доколку се е во ред, продолжете со проверка на суспензијата.

Качете се на мотоциклот и со целата тежина на телото притиснете го предното тркало. Отпорот кој ќе ви го даде мотоциклот треба да биде изедначен. Доколу чувството кога го правите ова е премногу меко, тогаш променете го маслото на вилушката. Во суштина, тоа треба да се менува еднаш на поминати 10 илјади милји или пак еднаш во годината.

spring riding txt 6 10 05

На задниот дел проверете ги амортизерите. Кренете го задниот дел и завртете го тркалото. Доколку тоа се движи на лево или десно, тогаш амортизерите се оштетени.

Сигурно веќе знаете дека во текот на целата година треба да внимавате на ланецот. Но за почеток исчистете го, подмачкајте го и проверете дали е добро затегнат. Ова особено важи доколку ланецот е нов.

За крај, проверете ја рамката дали има некакви пукнатини. Проверете ги уште еднаш сите навртки, особено оние кои ги има кај додатоците. Поради вибрациите, држачите за нозе можеби се разлабавиле.

Држачи

Можеби страничните или пак централните држачи нема да ви обезбедат дополнителна безбедност додека возите некаде на автопат, сепак сакате тие да бидат цврсти и сигурни за кога ќе го паркирате некаде мотоциклот тој да стои на своето место.

Пред првото возење, подмачкајте ги држачите и осигурајте се дека функционираат како што треба.

Со ова завршивме со проверка на мотоциклот и сега тој е подготвен за возење. Но дали сте вие подготвени?

Доколку не можете да избегнете судар со возач кој едноставно не ве видел на патот, тогаш кацигата а не држачот на мотоциклот е она што ќе ви го спаси животот. Проверете дали вашата кацига има некакви оштетувања бидејќи таа само еднаш може да ви го спаси животот.

Но тие исто така имаат и рок до кога можете да ги користите. Едни експерти препорачуваат промена на кацигата на секои пет години додека пак други на осум години. Пред да почнете да возите, вреди да се потсетите колку време помина откако ја купивте кацигата. Исто така, чувајте ја кацигата дома наместо во гаража.

spring riding txt 7 10 05

Кога ќе почнете да возите, со оглед на неколку месечната пауза, не треба веднаш да почнете да возите брзо. Пролета знае да биде навистина опасна за возачите на мотоцикли. Патиштата многу често се валкани а возачите на автомобили заборавиле дека патот треба да го делат со останатите учесници во сообраќајот. Доколку на ова се додаде желбата за побрзо возење, многу лесно може да дојде до несреќа.

„Немојте веднаш да заминете на некоја долга релација“, вели Шафер. „Дајте си доволно време да се загреете пред да притиснете на гаста.“

На крајот, за да бидете целосно сигурни во себе, поминете малку време вежбајќи возење на некоја локација каде што нема премногу сообраќај. Возете внимателно и секако не заборавајте да се забавувате.

Back To Top