Беше преку 35 степени надвор тој ден, па еден мој пријател одлучи дека би било добро да вози до работа без јакна.

Беше преку 35 степени надвор тој ден, па еден мој пријател одлучи дека би било добро да вози до работа без јакна.

Да ја скратам приказната, тоа беше лоша идеја. Особено кога се удри во кола возејќи со 60км/ч. Еве доказ дека треба да ја носите комплетната опрема и покрај тоа што ви е жешко.

ful-obleka-motor

Во услови кога е многу топло, носењето на кожна или текстилна јакна може да изгледа лудо. Но за мене, тоа е нормално. Не сакам да држам предавања на новите и неискусни возачи. Само сакам да ги споделам со вас последиците кои може да настанат доколку не носите опрема. Можеби тие ќе ви помогнат да ја донесета правилната одлука. 

За време на краткиот пат до работа, мојот пријател не забележал кога една кола нагло свртела десно. Возејќи со само 60км/ч на час, тој немал време да ги притисне сопирачките. Се удрил директно во автомобилот и летнал во патничкиот прозорец. Ќе ги оставам сликите да го раскажат остатокот од оваа приказна...

povreden-motordzija-1

povreden-motordzija-2

Доколку ја носеше јакната, тој само ќе го отстранеше стаклото и ќе почекаше некој пријател да го однесе до дома. Наместо тоа, тој заврши во болница.

Ова е причината поради која дури и ако е многу топло надвор, јас ја носам комплетната опрема, кацига, јакна, ракавици и чизми. Понекогаш луѓето ме гледаат чудно, но мене ми е добро бидејќи знам дека доколку се случи нешто, јас ќе бидам подготвен.

Запомнете, облечете се и носете ја заштитната опрема за паѓање, не за возење.

Back To Top