Корисни текстови

Дали доживотна казна затвор е фер казна за невнимателните возачи?

Дали би поддржале ваков закон кај нас? Дали доживотна казна затвор е фер казна за невнимателните возачи на автомобили?

Следете нè на:

 

Според новата легислатива во Велика Британија, тоа е максималната казна за возачите кои поради невнимание ќе предизвикаат смрт при сообраќајна несреќа. Законот помина после голема дебата во јавноста и во која речиси 70 проценти од 9000 испитаници се изјаснија позитивно.

Доживотен затвор е најтешката казна низ целиот свет која можат да ја добијат невнимателните возачите. Нејзините поддржувачи се надеваат дека тоа ќе допринесе за намалување на бројот на несреќи на патиштата. Ваквата казна се доделува и за убиство.

wreckedbikeДали би поддржале доживотен затвор за сторител на тешка сообраќајна незгода?

Претходно, максималната казна изнесуваше 14 години. Со законот исто така се зголемува казната и доколку настане смрт за време на улични трки или доколку сте под влијание на алкохол или дрога.

Противниците на законот пак сметаат дека тоа нема да ги направи возачите повнимателни. Некои пак сметаат дека казната е премногу екстремна но исто така и премногу скапа. Доживотен затвор навистина чини многу. Меѓу другите работи кои се споменати се и поголемо присуство на полицијата на улиците, образовни кампањи и одземање на возачките дозволи на оние кои го повториле прекршокот.

Но дали може ист таков закон да помине и во Македонија? Дали поголем дел од населението ќе го поддржи исто како што направија и во Велика Британија? За споредба, во САД овие закони зависат во однос на тоа во која држава се случила несреќата и од таа причина казните се различни. Американската Мото Асоцијација долго време ја поддржува идејата за зголемување на казните и бара тие да се изедначат со потешките злосторства.

Во нивното соопштение се вели:

„АМА ја поддржува легислатива која овозможува судовите да одредуваат повисоки казни. Меѓу видовите на казни кои би можеле да бидат одредени се повисоките парични казни, суспензија на возачките дозволи, одземање на поени како и казна затвор. Ние го поддржуваме овој став бидејќи сметаме дека мотоциклистите, велосипедистите и пешаците плаќаат значително повисока цена поради невниманието на возачите на автомобили.   “

Но дали дел од казната треба да биде и доживотен затвор? Дали промена каква што се случи во Велика Британија би можела да се случи и кај нас? Но уште поважно, дали треба да се случи такво нешто? Дали тоа ќе помогне? Кажете ни го вашето мислење во коментарите подолу.

Би можело да ве интересира

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.