(Време на читање: 2 - 3 минути)


Разговараме со Павле Ташкович, натпреварувач во БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата F600.

Колку си задоволен од минатата сезона?
Задоволен, сум задоволен со тоа што го постигнав до пола сезона, можеше подобро нели, но условите за тренинг и завршување на цела сезона не зависеше само од мене него и од ветувањето на поединци кои не го остварија ветеното.

pavle taskovic 4

Во каква состојба е мотоциклот, дали има уште нешто што може да се подобри?
Мотоциклот е во беспрекорна состојба, но би можел да се направи апгрејд на кочниците, а и немора. Јас мислам дека мотоциклот е спремен за првите три места во класата Ф600. Секако, нормално како и секој кој се има натпреварувано секогаш се стремиме кон појак агрегат подобри кочници подобро вешање ....

Дали размислуваш за преминување во поголема класа?
Но преминување во појака класа значи друг мотоцикл, трошокот на самиот старт ќе е поголем, како и самото возење ќе е многу поскапо. Имено доколку сега поминувам со две задни и една предна гума за цел викенд, во појаката класа толку ќе се трошат за еден ден, а за цел викенд (петок, сабота, недела) окулу 10-ина гуми.....

Кога би имал неограничени финансии, кој/каков мотор би купил за трки?
Доколку би имал неограничена можност 🤣🚀🌕🏁 па немам конкретно еден модел ама мислам дека би земал Дукати В4С, Априлиа РСВ4 или БМВ С1000РР, а и Хондата ЦБР 1000Р РР не е ништо по на страна од овие два три модела. Сепак мислам дека главна конкуренција би била во 🇮🇹🚀🌕🏁

Каква е состојбата со спонзори?
Спонзорите... многу е тешко да се најде некој кој би сакал да помогне финансиски за цела сезона. Потрошни материјали, да, сум добивал - уље, спрееви за одржување на ланец итн., но диск плочки, гуми, опрема за мене, резервни делови за мотоциклот, апгрејд на самиот моторцикл тоа се сам сум инвестирал. Заради тоа и највеќе ја прекинав сезоната, на почеток има ветувања кои се исполнуваат делумно, и секогаш муабетот е, ајде наредна сезона ќе извадиме повеќе, но никогаш не се исполнува ветеното.

Која е целта за оваа сезона?
Целта нормално е секогаш да сме качени на пиедесталот.

Што ти треба за да напредуваш?
Што ми треба? Мислам дека ми требаат повеќе финансии за да може да се прават повеќе тренинзи, со кои нормално и ќе се напредува.

Со колку финансиски средства треба да се располага за цела сезона?
Ухххх ова е тешко прашање. Колку повеќе тренинг, толку повеќе финансии. Еве да земеме, по еден тренинг пред секој викенд, со две трки од календарот, кој има да речеме 6 викенди тоа се 3000€ само за котизација. Пар гуми за тренинг 500€, два пара гуми за викенд 1000€, да ставиме во просек патни трошоци 200€ по викенд, пропратни трошоци окулу мотоциклот (плочки, течности, гориво...) 200€. На крај мора и да се јаде и пие нели, по најмалку 100€ на викенд и во принцип тоа се трошоците за да се оди напред кон пиедесталот 🚀🌕🏁.

Каква е конкуренција?
Конуренијата во сите класи е тешка, сите одат да бидат први нормално 🙂

Која ти е омилена извозена трка до сега и зошто?
Најомилена трка ми е во Брно 2025г. Првата трка во саботата, единствено нешто што направив грешка беше на самиот старт, имав многу слаб старт, но во трката успеав да извозам време кое се граничеше со најдобрите во мојата класа.

Каде посакуваш да настапуваш?
Би сакал да ми се оствари желбата барем еднаш да извозам цела сезона во Алпе-Адриа шампионатот 🫶 🚀🌕🏁

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: