Разговаравме со д-р Микеле Заса за брзото опоравување на Марк Маркез после операцијата на рамото и кога актуелниот шампион би можел да биде целосно подготвен.
Доколку не направеше грешка на трката која се возеше во Остин, Марк Маркез ќе имаше перфектен старт на сезоната. Фактот дека покажа голема борбеност на досегашните трки преставува големо достигнување за Шпанецот кој имаше проблематичен крај на сезоната 2018.
Од недела во недела, се поголеми стануваа пробемите на Маркез со левото рамо. На почетокот на декември мораше да биде извршена, како што вели, агресивна и компликувана операција. Рехабилитацијата која беше извршена после тоа беше фантастична а според зборовите на д-р Заса, после таква операција, на нормален човек би му требале два до три месеци за да може да ги извршува секојдневните обврски.
Но само два месеци подоцна, Маркез постигнуваше одлични резултати на првиот претсезонски тест во Малезија. Ова се должи на пет часовната физикална терапија која тој ја имаше секој ден.
За подобро да разбереме што се мораше да преживее седум кратниот шампион и дали некој нареден пад може да ја влоши состојбата, разговаравме со д-р Микеле Заса од клиниката во Барселона.
- Кон крајот на 2018 година, дали имавте јасна престава дека рамото на Маркез му создава големи проблеми?
Микеле Заса: Тоа им беше јасно на сите. Рамото постојано беше изместувано. Се сеќавам кога Скот Рединг го допре рамото и тоа веднаш се измести од својата позиција. Јасно ни беше дека ситуацијата е тешка и мораше да се направи операција. Во овој случај, имаше два важни елементи за да се подобри состојбата а тоа се: добра операција и добра рехабилитација. Сето ова комбинирано со желбата да се врати на патеката што е можно побрзо. Но дозволете ми да ви го кажам и ова. Понекогаш гледам возачи кои од желба што е можно побрзо да се вратат на патеката, скокаат дел од рехабилитацијата. Ние постојано им повторуваме дека не смеат да го прават тоа, или ако веќе не сакаат рехабилитација, барем тој период да го искористат за одмор. Но некогаш тие не ги слушаат нашите совети и тогаш се случуваат проблеми.
Да се биде професионалец значи и дека треба да го слушате телото кога ви вели дека му е потребно одмор. Токму тоа го направи Марк. Во тие два месеци направи неверојатна работа. Сакаше веднаш да се врати на тркањето но знаеше дека тоа не е возможно.
- Колкаво е потребното време за рехабилитација после ваква тешка операција?
Микеле Заса: Би рекол шест месеци доколку операцијата и рехабилитацијата завршат успешно. Доколку го погледнеме рамото на Марк во моментов, тоа сигурно не е целосно заздравено и ќе му требаат уште неколку месеци за да биде целосно подготвен.
Но добро е што два месеци имаше интензивни сесии. Кога имате ваква операција, обично вежбате еднаш во денот или еднаш во два дена. Но во првите два месеци тој имаше по три или четири сесии дневно и со тоа го забрза процесот. Она што му беше потребо за побрзо да се врати на тркањето беше направено во пократок рок.
Од биолошка ледна точка, за состојбата да биде добра се потребни шест месеци. На обичните луѓе веројатно ќе им требаа 2 до 3 месеци за да можат да почнат да ги извршуваат секојдневните работи.
- Бидејќи ова не му е прва ваква повреда, постои ли можност од трајно оштетување?
Микеле Заса: Кога имате толку многу дислокации на рамото постои сериозно оштетување на основата. Доколку се случело само два или три пати, можеби немало да има потреба од операција. Но тоа зависи од хирургот. Но штом еднаш рамото ќе излезе од своето лежиште , работите стануваат се полоши.
Слободно би можело да се кажа дека состојбата можеше да биде далеку полоша. Се што можеше да се оштети беше веќе оштетено. Тој имаше секојдневни проблеми со рамото.
- Дали рамото сега може да се справи со нови удари?
Микеле Заса: Колку повеќе време помине толку ќе биде подобро за неговото рамо. Но тоа сепак нема да биде исто. Знаете, при операција ние ставаме плочка да ја држи скршената коска. Таа ќе зарасне но никогаш нема да биде иста. Но после шест месеци, состојбата ќе му биде далеку подобра. Со секој нов пад постои нова можност од дислокација на рамото. Ова се однесува на сите возачи. Но колку повеќе време помине без никаква дислокација, толку се помали шансите тоа повторно да се случи. Структурата има повеќе време за целосно да заздрави.
Во денешно време, воздушните перничиња се од голема помош. Тие преставуваат уште еден мускул кој ги штити рамото и клучната коска. Доколку паднете, тие можат да бидат од голема корист.
-Дали сте изненадени од тоа за колку брзо време Марк се опорави?
Микеле Заса: Би рекол не. Секогаш сум изненаден од овие неверојатни момци но во последниот период во нашата клиника имало доста случаи каде луѓето брзо се опоравуваат после ваква повреда. Во овој случај, имавме многу мотивиран возач. Имавме одличен хирург кој е експерт во својата област. Сите работи беа испланирани. Потоа тој имаше неколку сесии во текот на денот. Нашиот психотерапевт еден месец се пресели кај него дома во Цервера. Кога имате по неколку сесии дневно со атлет кој е одлично подготвен, тоа е од голема помош.
Во медицината не е ништо сигурно. Докторот кој за нешто ќе ви каже дека е сигурно е лош доктор. Медицината не е математика. Таму два и два се четири но во медицината никогаш не знаете. Но, тој ги имаше сите елементи за да има брза и успешна рехабилитација.