- Банерот е успешно зачуван
- Напишано од: Motori.com.mk
Предводени од мислата дека ниеден медиум кај нас не ги третира мото случувањата, ниту домашни ниту странски, знаејќи и што се случуваше пред секој собир кога се ширеа дезинформации, а и неинфомираноста пред се на младите моторџии околу клубовите, настанати, трките, пред една година решивме да го донесеме на свет motori.com.mk
Чест ни е да ве поканиме на првиот роденден на сајтот, а ќе ни претставува задоволство доколку не удостоите со вашето присуство. Поканата е отворена за сите моторџии, членови и посетители на сајтов, сите клубови, сите добронамерници.
Забаватa ќе се одржи на 13-ти Септември (сабота) во пицерија Томас (по еднонасочната улица позади Рамстор, па првата уличка десно).
Сосем кратко, нема да коментираме што постигнавме, знаеме што не направивме, ама знаеме и што ќе направиме во периодов кој следи. Одиме напред!
Ивона Кировска е првата победничка на изборот за Летна Мото Убавица '08. Првиот ваков избор во нашата земја беше помогнат од сите спонзори на сајтов, за што уште еднаш сакам да им изразиме благодарност, како и до весникот Вечер, модното студио Црнокрак, модната куќа Кара и сите добронамерници и соработници на порталов кои дадоа се од себе за изборот да заврши успешно. Нормално како за прв пат имаше и пропусти, за кои сме свесни, и кои следната година сигурно ќе бидат надминати. Во продлжение следува текстот и и фотографијата од насловната страна на денешниот број на Вечер.
Фотки од настанот, овде .
Снимањето се одвиваше во новиот салон на Леопард во населбата Аеродром, каде петте девојки од модното студио Црнокрак позираа на моделите на CF МОТО 500A (quad), CF V5, CF V3, CF E-CHARM, и на Sachs MadAss. Манекенките беа облечени во облека од модната куќа Кара, но и во мото опрема исто како и на првото снимање.
Изборот за Летна мото убавица е во тек, денеска во неколку дневни весници излезе информацијата за гласањето, па разбирливо е што интересот е значително зголемен. Весникот Вечер со кого имаме официјална соработка во денешниот број излезе со насловот "Секси цуци на мотори", а понатаму редовно ќе известува за текот на гласањето и за резултатите.
А ние со цел да ви го олесниме изборот , денеска ви претставуваме уште по две слики од секоја девојка, овојпат во по "лесна" облека, а за да го заокружиме впечатокот, утре очекувајте уште по две фотки во мото опрема. Гласајте!