Домашни

Најава на Мото Туристичката Манифестација 31.07 - 4.08.2012

Logo-Support-jpgГрупа мото-ентузијасти ни ја организираат првата меѓународна Мото Туристичка Манифестација, со седиште во Катланово, еднодневни тури низ Македонија, вечерни забави со жива музика, мото-игри, натпревари и многу изненадувања...

Следете нè на:

 

Party2012

Седиштето и сместувањето на учесниците е во камп во Катланово, на почеток на стариот пат кон Велес (41°52'40.72"N , 21°41'40.45"E)
Само следете ги патоказите и ке ве однесат на лице место:

patokaz

Програма:

Вторник, 31.07.2012:
- пристигање на учесниците и поставување на кампот
- 16.00 - 18.00 ч: Заеднички ручек за добредојде, казански јадења- чобанац и гравче, во црквата Св. Недела во Катланово.
- 18,00 - 19.00 ч: Симулација на давање прва помош на повредени моторциклисти. Симулацијата ке ја изведе екипата на Црвен Крст на РМ во интеракција со учесниците.
- 20.00 ч: Свечено отварање на манифестацијата, со поздравен говор и чашка вињак "Traikovsky"
- 21.00 ч: Забава со жива музика

Среда, 1.08.2012, Тура 1:
- 9.00 ч: Поаѓање од кампот
- 10.00 ч: Пристигање на плоштадот во Свети Николе
- 1-часовна пауза за освежување
- 11.00 ч: Поаѓање од Свети Николе
- 12.00 ч: Пристигање во Неготино
- 1/2-часовна пауза за освежување
- 12.30 ч: Поаѓање од Неготино
- 14.00 ч: Пристигање во Крњево
- заеднички пикник во винаријата "Traikovsky"
- 18.00 ч: Поаѓање назад кон кампот во Катланово
- 21.00 ч: Забава со жива музика

Четврток, 2.08.2012, Тура 2:
- 9.00 ч: Поаѓање од кампот
- 10.30 ч: Пристигање во Штип
- 1/2-часовна пауза за освежување
- 11.00 ч: Поаѓање кон Кратово
- 12.00 ч: Пристигање во с. Куклица
- 1,5-часовна пауза за освежување и посета на локалитетот Камени Кукли
- 13.30 ч: Поаѓање кон Крива Паланка
- 14.30 ч: Пристигање во излетничкото место кај манастирот Св. Јоаким Осоговски
- заеднички излет
- 17.00 ч: Поаѓање назад кон кампот во Катланово
- 19.00 ч: мото-игри и натпревари
- 21.00 ч: Забава со жива музика

Петок, 3.08.2012, Тура 3:
- 9.00 ч: Поаѓање од кампот
- 11.00 ч: Пристигање во Прилеп
- 1/2-часовна пауза за освежување
- 11.30 ч: Поаѓање кон Кичево, преку Македонски Брод
- 13.00 ч: Пристигање во манастирот Св. Пречиста во Кичево
- 1-часовна пауза за освежување и посета на манастирот
- 14.00 ч: Поаѓање кон Маврово
- 15.00 ч: Пристигање пред х. Срна во Маврово
- заеднички излет и забава со жива музика во Маврово
- 18.00 ч: Поаѓање назад кон кампот во Катланово
- 21.00 ч: Забава со жива музика

Сабота, 4.08.2012:
- Расформирање на кампот и поздрав на учесниците со мотивација за повторна средба...

Напомена:
Учествувањето на турите и кампувањето во Катланово се слободни!

За време на турите важат општите правилата за групно возење, како и сообраќајните правила и прописи на патот.

Организаторите го задржуваат правото да исклучат поединци или групи, кои со своите активности ја загрозуваат безбедноста или комфорот на останатите учесници!!!

Добредојдени се сите добронамерници кои сакаат дружба, возење и убав провод...

 

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.