Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
Петар Георгиевски – Камиказа е име кое ретко кој не го знае, македонски музичар, глумец, спортист, основач и менаџер на КЛС Евентс, а со децении е нераскинливо поврзан и со моторите, патувањата и мотоциклистичкиот живот во Македонија. Илјадници километри, безброј патувања, различни мотоцикли, дожд, сонце, падови, станувања и спомени кои тешко можат да се соберат во еден текст.
Овој викенд мото сцената во Македонија ќе биде особено активна. Во сабота, 22 август, љубителите на моторите ќе можат да избираат меѓу два настани – традиционалниот Мото Фестивал Рисови 2026 во Прилеп и Мото Собир Штип 2026 во организација на Free Riders.
Моторџиската култура секогаш била симбол на вештина, дисциплина и почит – кон машината, кон патот и кон сите околу нас. Но последниве години сè почесто гледаме како поединци ја нарушуваат таа слика со опасно возење низ град, ризични маневри и непотребно дивеење. Тоа не е храброст, ниту мајсторство – тоа е играње со живот. Вистинските моторџии знаат дека улицата е место каде што се почитуваат правила, а не арена за докажување.
Утре, 8 август 2026 (сабота), Градскиот парк во Битола ќе биде центарот на бајкерската сцена! Мото клуб „Конзули“ Битола го организира традиционалниот мото собир, со почеток во 17:00 часот, каде што се очекува вистински спектакл на мотори, музика и братство.
Цената на бензинот од денес, 28 јули 2026, изнесува 93 денари за литар. Ова е нова цена утврдена од РКЕ, а цените на горивата се во континуиран раст во изминативе неколку седмици. За моторџиите, ова не е само статистика – ова е директен удар по џебот.
Македонската мото-сцена доби уште едно свое место на интернет. Мото клубот „Носачи на крстот“ – Cross Bearers MK од Велес неодамна го пушти во употреба својот официјален веб-сајт, достапен на crossbearers.mk.
Куманово овој викенд повторно ќе биде една од главните мото и рок точки во Македонија. Од 12 до 14 јуни 2026 година, на спортскиот аеродром Аџитепе ќе се одржи осмото меѓународно издание на Bears Moto Rock Fest, во организација на мото клубот „Мечки“ од Куманово.