(Време на читање: 1 - 2 минути)


Пристигнаа информациите од МФМ за годинешното 35-то по ред мото рели Македонија - Независност 2026.

Традиционалното Мото рели Македонија – Независност годинава ќе се одржи од 4 до 6 септември, а учесниците ги очекува тридневна рута која ќе помине низ повеќе градови и региони низ Македонија.

Стартот на релито е закажан за 4 септември во 10:00 часот од Плоштад Македонија во Скопје, додека завршувањето е повторно на Плоштад Македонија на 6 септември, во периодот од околу 17:30 до 18:30 часот.

Овогодишното рели ќе биде лимитирано на 150 домашни учесници, а пријавувањето трае најдоцна до 29 август 2026 година.

moto reli makedonija 2026

Трасата на Мото рели Македонија 2026

Ден 1 – 4 септември (205км)

Скопје – Тетово – Гостивар – Маврово – Дебар – Струга.

Стартот е во 10:00 часот од Плоштад Македонија во Скопје. На патот кон Струга е предвидена пауза во Дебар, а по пристигнувањето во Струга учесниците ги очекува заедничка забава со вечера, со почеток во 20:00 часот.

Ден 2 – 5 септември (272км)

Струга – Охрид – Ресен – Битола – Прилеп – Кавадарци – Неготино – Гевгелија – Дојран.

Стартот од Струга е во 10:00 часот. Во текот на денот е предвидена пауза во Кавадарци, а етапата завршува во Дојран. Во 20:00 часот ќе се одржи заедничка вечера со доделување на наградите.

Ден 3 – 6 септември (295км)

Дојран – Струмица – Берово – Виница – Кочани – Пробиштип – Кратово – Куманово – Скопје.

Во Берово е предвидена пауза, додека во Пробиштип учесниците ќе имаат ланч пакет и освежување. По Кратово и Куманово, релито се враќа во Скопје.

Финишот е на Плоштад Македонија, каде учесниците се очекува да пристигнат меѓу 17:30 и 18:30 часот на 6 септември по извозени вкупно 772км.

Пријавување

Пополнетите пријави треба да бидат доставени до Федерацијата најдоцна до 29 август 2026 година.

Уплатата за котизација (2000 денари за возач и 1400 за совозач) може да се изврши на жиро-сметката:

210-0629307701-96

или директно во просториите на Федерацијата.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: