Со традиционалниот собир на плоштадот Македонија во Скопје, симболично беше одбележан стартот на новата мото сезона.

motordzii-2014-57

Со традиционалниот собир на плоштадот Македонија во Скопје, симболично беше одбележан стартот на новата мото сезона.

Настанот од година во година има се поголем одзив, моторџии од повеќе градови од Македонија присуствуваат на симболичниот старт на новата сезона.

Според традицијата, со греана ракија моторџиите си ги честитаат празниците со желба за успешна моторџиска сезона, и многу изминати километри. Новите времиња пак носат и нови „адети“, па така неминовни се горењата на гуми и пукањето на моторите, иако на многумина им пречи тоа.

Судејќи според денешниот собир не очекува богата и интересна сезона, многу мотори, многу нови ликови и млади луѓе кои ги разбудија моторите од зимскиот сон за да ја продолжат традицијата. Се надеваме дека во 2014 ќе имаме прилика да присуствуваме на повеќе од 30-на настани кои ја одбележаа 2013 година. 

Моторџии, нека ни е среќна новата сезона.

Сите слики од денешниот настан се додадени во првата галерија за 2014 година.

Back To Top