Мотоциклистите возеле од Велешта кон Струга, кога на нив налетало возилото „тигуан“ со струшки регистарски таблички, кое непрописно претекнувало.

soobrakjajka-vevcani

Мотоциклистите возеле од Велешта кон Струга, кога на нив налетало возилото „тигуан“ со струшки регистарски таблички, кое непрописно претекнувало.

Како што пренесува порталот Телеграф.мк, двајца моторџии од клубот „Мотоексплора“ од Италија се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа, која попладнево се случи на патот Струга-Велешта. Мотоциклистите возеле од Велешта кон Струга, кога на нив налетало  возилото „тигуан“ со струшки регистарски таблички кое непрописно претекнувало и директно удрило во  мотоциклистите. Повредените најпрво биле  пренесени во медицинскиот центар во Струга поради сериозноста на повредите,а едниот од нив е пренесен во Специјалната болница за ортопедија „Св. Еразмо“ во Охрид.

soobrakjajka-vevcani2

Како што потврдува заменик директорот на болницата „Св.Еразмо“ примариус доктор Томислав Петревски повредените се здобиле со повеќе скршеници, мажот на двата рачни зглобови и десната потколеница додека жената е примена со скршеници на карлицата. Во моментов тие се на операција. Првично тие се надвор од животна опасност.

Извор: Телеграф.мк

Back To Top