Во клаб хаусот над средно Водно во присуство на голем број на мото клубови и поединци беше прославен осмиот роденден на motori.com.mk

8 rodenden motori 175

Во клаб хаусот над средно Водно во присуство на голем број на мото клубови и поединци беше прославен осмиот роденден на motori.com.mk

Како и секоја година до сега, се трудиме на гостите да им биде пријатно, да можат да си дозволат да испијат по некоја пијачка, да се најадат, а доколку претераат со пиењето и да има каде да отспијат. Клаб хаусот на POTFAT MC се покажа како идеална локација - близината, чистиот воздух како и фактот што нема комшии на кои може да им пречи музиката. Во оваа прилика сакаме да им изразиме благодарност за отстапениот простор и несебичната поддршка во реализацијата на роденденската забава.

Вам драги гости кои дојдовте од цела Македонија и не удостоивте со вашето присуство сме ви нај благодарни. Вашата подршка низ сите овие години е мотив за нашата работа, ни значи многу секој пофален збор, но и секоја критика бидејќи само така можеме да се подобриме, да одиме напред.

Изминаа 8 години од денот кога за прв пат се појави мотори.ком.мк, во овие години направивме многу за оваа наша мото заедница, но ништо од тоа немаше да биде остварено доколку ја немавме поддршката од сите вас. Затоа уште еднаш дозволете ми да ви се заблагодарам од името на целиот тим за честа која ни ја укажавте, Ви Благодариме.

Благоја Мартиновски
уредник на Мотори.ком.мк

Back To Top