Мото клубот Џинка од Радовиш организираат мото забава на 19-ти септември (сабота) на планината Плачковица во нивниот мото дом.

12003274 10153609360949844 3041088991756573187 n

Мото клубот Џинка од Радовиш организираат мото забава на 19-ти септември (сабота) на планината Плачковица во нивниот мото дом.

Мото домот на МК Џинка од Радовиш ќе биде местото кое мора да се посети овој викенд. Прекрасната природа во комбинација со одлични домаќини е рецепт за успешна мото забава. Додадете на тоа и евтино пиво и скара, обезбеден простор за кампување и жива свирка, и ќе сватите дека ова е забава која не сакате да ја пропуштите.

Забавата започнува во сабота во 14 часот, а ќе трае до раните утрински часови. Локацијата на мото домот ќе ја најдете по влезот во Радовиш и патот кон Плачковица, само следете го знакот за хотелот „Бел Камен“, домот на МК Џинка се наоѓа на крајот од асвалтираниот пат.

За забавата ќе се погрижат BlueSky (Велес) и Hot Line (Штип), временската прогноза е во наша полза (33 степени) но имајте во предвид дека домот се наоѓа на голема надморска височина па не заборавајте да понесете топла облека.

Поканата е отворена за сите моторџии и вљубеници во моторите и добрата забава - МК Џинка Ве кани на добро дружење!

Back To Top