Роденденската прослава по повод 8 години постоење на Мотори.ком.мк ќе се одржи на 12-ти септември (сабота), со почеток од 20 часот во клаб хаусот на POTFAT MC на Средно Водно.

8 godini motori

На 13 септември 2007-ма година беше објавена првата содржина на motori.com.mk. Изминаа цели 8 години од првите средби, запознавања, возења... сите заедно направивме многу за оваа наша македонска мото заедница. Како и во изминатите 7 години, да се собереме повторно и да наздравиме, за заедничките успеси. 

Роденденската прослава по повод 8 години постоење на Мотори.ком.мк ќе се одржи на 12-ти септември (сабота), со почеток од 20 часот во клаб хаусот на POTFAT MC на Средно Водно. За добредојде од нас ќе има по една ракија, цените на пијачките ќе бидат складни со моторџискиот буџет, а за гладните ќе има и скара. Звучниците оваа година ќе бидат поставени и надвор од објектот, да можат сите присутни да уживаат во музиката, а за оние кои ќе пијат алкохол има обезбеден простор за кампинг. 

Поканети се сите мото клубови, поединци и љубители на мотоциклите. Вашата поддршка во овие осум години не води напред и ни дава мотив да продолжиме да работиме. Нека ни е среќен роденденот и заедно да си славиме уште многу години.

Back To Top