CFMOTO 800 MT кој имавме шанси есеноска ексклузивно го возиме сега и официјално е достапен во понудата на CFMOTО Македонија
Кон крајот на минатата година како плод на напредната соработка со KTM кинескиот гигант CFMOTO го претстави својот фаворит во новата понуда - CFMOTO 800 MT кој доје како следен чекор во понудата над постоечкиот MT650. Наследникот нема ништо заедничко со својот претходник. 800MT доби нов појак агрегат оној од KTM со зафатнина од 799 cm3 кој испорачува 95 KS а исто така доби и комплетно нов изглед, кочници и многу друга опрема.
Сите детали и нашите искуства ги имате во претходниот текст - а во продолжение на овој текст ќе изнесеме малку повеќе детали околу конкретната понуда за нашиот пазар.
Цена и опрема
CFMOTO произведува две различни изведби на 800MT, спорт и туринг. Заради атрактиноста на богатата опрема во локалната понуда ќе биде достапна само туринг верзијата. Цената за истата изнесува 11.000 евра, но покрај одличниот агрегат и ергономија листата на опрема е навистина долга.
CFMOTO 800MT Touring меѓу другото сериски доаѓа со темпомат, сензори за притисок во пневматиците, амортизер на управувачот, квикшифтер (во две насоки) греачи на рачки, греачи на седиште, заштини шипки (crash bar) алуминиумска плоча за заштита на моторот, светла за магла, носачи за куфери, штитници за раце, жичани фелни, централен потпирач.
Ако на листата на опрема додеме дека 800MT има KYB суспензијата, Bosch електрониката и 7 инчниот екран во боја дефинитвно може да заклучиме дека производителот и локалниот дистрибутер имаат подготвено сериозно конкуретна понуда која може да го стави овој модел високо во листата за избро на нов мотор.
Останатите детали и технички карактеристике може да ги погледнете на официјалната страница на CFMOTO Македонија.