Владата ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за укинување на наплата на надоместот за употреба на патарината за мотоцикли.

Одлуката се донесува заради заложбата на владата за намалување на метежот во сообраќајот, а со самото тоа и намалување на загадувањето на воздухот. Со оваа одлука Владата се надева дека ќе мотивира повеќе граѓани да се префрлат на превоз на две тркала, а истовремено и да одговори на жалбите на мотоциклистите за висината на надоместокот за патарини.

patarina

Според одлуката, мотоциклистите ќе бидат обврзани да застанат во ред зад останатите возила и со намалена брзина да ја поминат наплатната рампа. Истовремено донесена е одлука за поништување на сите казни по основ на неплатена патарина за мотоциклистите во изминатиот период.

Со предложените измени и дополнувања на овој закон, како што соопшти владината прес-служба, ќе се овозможи исполнување на обврската за олеснување на меѓугратскиот превоз утврдена во Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија, како земја кандидат, а воедно се обезбедува и правна основа за еднообразна примена на сообраќајните закони.

Дополнително, на предлог на Министерството за финансии, Владата денеска го усвои Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини по должина Коридорот VIII и автопатот Миладиновци – Штип, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта.

Ова ќе беше одлична вест доколку не се работеше за првоаприлска шега.

Back To Top