Домашни

Попуст на новите модели од Spyke во Макпетрол

Макпетрол во својот салон за мотоцикли и мото опрема ги донесе новите модели на јакни од програмата на Spyke.

Следете нè на:

 

Зимскиот период е одличен за да се подновите со мото опрема по ниски цени. Бидете подготвени за новата сезона со новите јакни од Spyke кои во салонот на Макпетрол можете да ги набавите со голем зимски попуст. Освен јакните ќе можете да се подновите и со нови панталони како и ракавици.

20181102 100759

Салонот на Макпетрол е лоциран на бул. Илинденска, веднаш по СЦ Борис Трајковски. Телефон за контакт 02/3296-106

Spyke

Активноста на Spyke започнува во текот на седумдесеттите години со лабораторија за производство на кожни производи. На почетокот на осумдесеттите, го направи своето деби во светот на мото опремата, изработувајќи изработувајќи специјализирана облека за мотокрос и ендуро.

На почетокот на деведесеттите Spyke дебитира како носител на ознаката „Made in Italy“ со својот препознатлив квалитет и дизајн. Период во кој нивните кожни комбинезони се носат во Светскиот шампионат во мотоциклизам. Операција која се покажа како победнички потег: во 1993-та во класата 125 светскиот шампион, Дирк Раудис од Германија носи Spyke. Од 2000 година брендот конечно се издвојува на меѓународно ниво: за време на една тркачка сезона, Spyke освои две значајни титули: MotoGP во 500cc класа, со американскиот возач Кени Робертс Џуниор, а со италијанскиот Роберто Локатели во класата 125.

Дизајниран од моторџии за моторџии.

Огромните достигнувања кои следат од година во година, резултираат со проширување на опсегот на опрема која сега вклучува Gran Touring и Urban Mobility, со воведување на специјални додатоци и обувки. Во 2010 година Spyke станува „Ограничена компанија“, и е купен од семејството Занин.

Стратегијата за раст и проширување на брендот започнува од темелна грижа за финалниот производ, кој произлегува од внимателно проучување на потребите на возачот во акција и од желбата за експериментирање и иновирање, тестирање на сите иновации и производи на патот, под секакви временски услови.

Победничко педигре.

Уште од самиот почеток, сликата за Spyke е поврзана со најголемите асови на две тркала: Мамола, Барош, Капироси, Чили, Брукс, Тозленд, МекКој, Бејлис...

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На ред е седмата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Валентино Роси вели дека нема причина за загриженост околу неговата иднина во Премиерната класа и покрај тоа што го имаше можеби најлошиот викенд во неговата 23 годишна кариера.

Нашите извори од MotoGP гаражите откриваат дека би можело да има големи промени на патеката во сезоната 2020.

Кога дојде поканата за присуство на презентацијата на двата мотоцикли на Honda, CB650R и CBR650R, навистина бев заинтересиран да отидам. На хартија, моделот 650 изгледа како еден од најпотценетите модели но навистина сакав самиот да проценам дали тоа е вистина или не.

Откако Данило Петручи победи на трката во Муџело, Џек Милер вели дека би бил среќен доколку остане дел од тимот и во 2020 година.

Дали затворањето на визирот на вашата кацига го прави воздухот што го дишете опасен?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.