Домашни

Новогодишна хуманитарна акција на МК Конзули

Мото клубот Конзули од Битола годинава организираше хуманитарна акција за семејствата во Битола на кои им е потребна помош.

Следете нè на:

 

942172 585248271554761 1758509816 nМК Конзули со хуманитарна новогодишна акција

Мото клубот Конзули од Битола годинава организираше хуманитарна акција за семејствата во Битола на кои им е потребна помош.

Наместо доделувањето на пакетчиња за децата како до сега, годинава клубот се одлучи за помош на семејствата кои се загрозени. Благодарение на спонзорите кои ги обезбедија, тие направија пакети со основни намирници кои ги поделија по семејства кои имаа потреба од основните работи пред Новогодишните празници.

Секоја чест за битолскиот клуб, акцијата е за поздравување и за пример, нека биде ова поттик за слични акции во сите градови низ Македонија.

 

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.