Поминаа скоро 3 години од првиот одржан промотивен тренинг за безбедно возење во организација на Мот клубот Безбедност. Време е за уште еден. 

Мото клубот Безбедност се формираше во 2017 година со цел развој, афирмација, промоција на мотоциклизмот, мототуризмот, мото спортот и сродните дисциплини, унапредување и заштита на животната средина како и промоција на безбедно ста во сообраќајот на мотоциклистите и останатите учесници во сообраќајот, а особено кај возачите почетници и помлади категории на лица кои управуваат или планираат да управуваат мотоцикли. 

Во насока на остварување на основните цели, мото клубот во својот план на активности централно место му дава на тренингот зa безбедно управување на мотоцикли. Преку овој тренинг учесниците имаат можност да ги унапредат своите познавања и техники за управување на мотоцикл. 

 mk-bezbednost-2019

Претставник од мотори.ком.мк беше дел од промотивниот тренинг во 2019, а ние останатите со нетрпение го очекувавме следниот. Заради добро познати причини изминативе две години клубот не беше во можност непречеено да организира настан од ваков тип. Конечно, оваа година сите услови се исполнети и тренинг повторно ќе има. 

По тој повод разговарав со Игор Јовановски, претседател на клубот. Во видеото детално одоговара на сите прашања поврзани со претстојниот тренинг. 

На кратко трнингот е составен од теорретски и практичен дел и ги покрива следните теми и вежби:

  • Учество на мотоциклите во сообраќајот – анализа и статистика
  • Пат на застанување – ;време на реагирање – реакција, пат на кочење и брзина
  • Техника на возење употреба на квачило, употреба на кочница, позиција и став на мотоцикл, техника на обратно управување, техника на водење со поглед и возење во кривина
  • Правилна употреба на заштитната опрема
  • Манипулација со мотоцикл во место
  • Споро  возење од точка А до точка Б - ;техника на водење со поглед
  • Движење и застанување
  • Вежби во круг - техника на водење со поглед, техника на обратно управување, положба на мотоциклистот, управување на мотоциклот во кривина
  • Слалом
  • Осмица
  • Правилно кочење, предна кочница, задна кочница и двете кочници истовремено

mk-bezbednost-2019-303

Тренингот е закажан за 11 и 12 јуни во рамките на СЦ Борис Трајковски. Бројот на местата е ограничен. Ако сакате да се пријавите тоа можете да го направите на нивниот вебсајт или преку инфорамциите објавени на официјаната Facebook страница на мото клуб безбедност.

Мото клуб Безбедност - https://motoclub.mk/trening.html
Мото клуб Безбедност FB - https://www.facebook.com/bezbednostMK 

Back To Top