Домашни

Иво Таневски доби поддршка од „Мастербет“

„Мастербет ДООЕЛ Скопје“ и Астра казината од неодамна почна соработка со младиот мотоциклист Иво Таневски. Компанијата како дел од соработката обезбеди финансиска поддршка за неговото учество во трките од Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам организиран од Балканската мото унија.

Поддршката кон заедницата, а особено кон младите и спортот е во фокусот на нашите активности како општествено одговорна компанија. Среќни сме за соработката која што ја имаме со младиот мотоциклист и задоволство ни е да бидеме неговата поддршка во неговите подвизи за време на натпреварувања во Европскиот шампионат. Се надеваме дека нашето спонзорство за него и неговиот тим ќе биде од помош за постигнување на поголеми успеси и нови победи во неговите натпреварувања“, велат од компанијата.

Младиот Таневски вели дека поддршка од „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ е клучна за неговите амбиции да напредува во шампионатот и мотоциклизмот.

„Се натпреварувам во Европскиот шампионат кој што го организира Балканската мото унија (BMU European Championship). Брзинскиot мотоциклизам изискува премногу. Се работи преку целата година, физички подготовки, маркетинг план, тим околу себе, подготовка на моторот и помош за време на настапите. Сето ова е не може да помине без финансиски средства, што значи дека клуч на играта се моите спонзори. Моите спонзори ги чувствувам како дел од мојот тим, тоа е едно семејство во кое секој има своја задача: механичар, инженер за суспензија, фотографии, видеа, финансии итн. Без моите спонзори не би можеле да одиме напред, да ги оствариме нашите цели и успеси. Гордо ги претставувам затоа што без нивна помош не би можел да настапам на шампионатот“, вели Таневски.

 Таневски предминатиот викенд ја возеше првата трка од Шампионатот во Серез, Република Грција која што ја заврши на 11-то место, додека во националниот шампионат го зазеде третото место во конкуренција од 19 возачи. Следната трка ја вози во Навак, Република Србија кон крајот мај.

Би можело да ве интересира

Деновите, пред една од најкултните трки во календарот, изобилуваат со содржини.

 Според најавата на некои светски медиуми за очекување е KTM многу наскоро да ја лансира својата нова понуда во рангот на новата 490 серија. 

Дали организација на трка значи само објавување на стартот и мафтање со црно бело знаме за крај? Дали обврските на организаторот завршуваат тука?

Неверојатна е брзината, желбата и посветеноста на најбрзите тројца на секоја досегашна трка во овогодинешниот шампионат на суперспортските мотори WSBK!

Викендов во Србија на патеката Навак се возеа 3 и 4 трка во рамките македонскиот и БМУ европскиот шампионатот во врзински мотоциклизам. 

Запознајте ги Бранко, Новак, Михаил, Горјан, Гален и Олег. Јас ги запознав едно неделно попладне на полјана во близина на спортскиот аеродром Стенковец. 

Листа на мото настани

Забава на Custom Choppers Strumica по повод отворањето на нивниот клаб хаус.

  • 14 Мај 2022 - 14 Мај 2022
  • Custom Choppers Club House
  • На главниот булевар во Струмица

Мото клубот Вепар на 15-ти мај ќе ја организира петтата по ред бавна трка.

  • 15 Мај 2022 - 15 Мај 2022

Чопер клуб го најави Run to the Sun 2022.

  • 24 Јуни 2022 - 25 Јуни 2022
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

МК Мечки од Куманово го најави годинешниот „Moto Rock Fest 2022“.

  • 11 Јуни 2022 - 11 Јуни 2022
  • Спортски аеродром Аџитепе

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Да продолжиме со поголемо темпо од онаму кај што застанавме во 2019 година.
Се гледаме на првиот викенд во месец Јуни!!!
  • 03 Јуни 2022 - 05 Јуни 2022
  • Нов Парк
  • Свети Николе

Дводневен мото фестивал во организација на МК Тиквеш Рајдерс од Кавадарци.

  • 17 Јуни 2022 - 18 Јуни 2022
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.