motori 11069 1262238401104 3060904 nДа ја покажеме хуманата страна на моторџиите! Мото клубот „Guardian Angels MC“ по втор пат ќе организира крводарителна акција која годинава ќе биде дополнете со донирање на стара облека за потребите на Црвениот Крст.

11069 1262238401104 3060904 n

Да ја покажеме хуманата страна на моторџиите! Мото клубот „Guardian Angels MC“ по втор пат ќе организира крводарителна акција која годинава ќе биде дополнете со донирање на стара облека за потребите на Црвениот Крст.

Крводарителна акција и донирање на стара облека за потребите на Црвен Крст на РМ во организација на „Guardian Angels MC“, а во соработка со Црвениот Крст. Акцијата ќе се одржи во трите града во кои клубот има свои членови. Во Скопје, Прилеп и Струмица на 23-ти Септември со почеток во 9 часот.

Акцијата во Скопје ќе се одржи во просториите на Црвен Крст на град Скопје „Даре Џамбаз“, во Прилеп и Струмица во истото време ќе започне акцијата во просториите на Црвениот Крст во тие градови.

Надоврзано на крводарителната акција, сите хумани моторџии можат да донираат стара облека која треба да биде уредно исчистена. Во секој од градовите по крајот од акцијата ќе следува и забава за дарителите, а за локациите дополнително ќе бидете известени. Во Скопје во тенискиот клуб Евросет (кој се наоѓа зад станицата за технички преглед на ПСС во Зајчев Рид) сите крводарители ќе бидат почестени со по една пијачка од клубот. Секој крводарител ќе добие и прешивка со димензии 6х3цм за на јакна со неговата крвна група.

Back To Top