Домашни

Најава: 24. мото рели „Македонија - Независност“

24-то по ред мото рели „Македонија Независност“ ќе се одржи од 5 до 7 септември.

Следете нè на:

 

reli makedonija 2015Најава за 24-то по ред мото рели Македонија Независност

24-то по ред мото рели „Македонија Независност“ ќе се одржи од 5 до 7 септември во организација на Мотоциклистичката Федерација на Македонија.

Годинешното рели ќе се оддржи според следната рута:

05.09.2015 (сабота) - Скопје, Куманово, Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница, Берово, Струмица, Стар Дојран (камп „Партизан“).

06.09.2015 (недела) - Стар Дојран, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Струга (камп „АС“).

07.09.2015 (понеделник) - Струга, Дебар, Маврови Анови, Гостивар, Тетово, Скопје.

mapa reli makedonija 2015

Во сабота вечерта во Стар Дојран сместувањето е во кампот „Партизан“, додека пак во недела во Струга сместувањето е во кампот „АС“. Цените за сместување во приколките за кампот Партизан се 400 денари од приколка, додека пак за во АС се 600 денари од приколка. Со котизацијата обезбедена е и заедничка вечера во кампот Партизан во Стар Дојран.

Котизацијата изнесува 600 денари за возач и 400 денари за совозач.

Котизацијата се уплаќа во било која банка со уплатница за:
МФМ – Скопје.
Жиро сметка: 210-0629307701-96;
депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
Цел на дознака: Мото рели Македонија 2015 – име на клубот/поединецот.

Во прилог можете да ги превземете и пријавите за релито:

Според планот, собирањето на плоштадот Македонија во Скопје е предвидено на 5-ти септември во 8.30, а поаѓањето е закажано за во 10 часот. Сите учесници можат да ги подигнат стартните пакети во петок (04.09) од 14 до 18 часот во просториите на МФМ (ул. Стрезово бр.5), а потребно е да понесат пополнета пријава и уплатницата за котизација. Учесниците на релито кои не се во можност да ги подигнат пакетите во петок, истото ќе можат да го направат во сабота пред почетокот на релито во периодот од 8 до 10 часот.

Оваа година за прв пат покрај ревијалниот, мото релито ќе има и хуманитарен карактер и ќе добие димензија на привлекување на што е можно поголем број луѓе и компании да ја искажат својата хуманост и општествена одговорност и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. Релито стартува во сабота (05.09), од порта Македонија, каде во периодот од 08-10.00 часот, Црвениот крст на Р.М. ќе постави пункт за собирање на хуманитарни донации.

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.