(Време на читање: 1 минута)


Во незгодата со тешки телесни повредни се здобиле Б.С. кој бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје и неговиот сопатник Тони Т. (20) од Охрид кој бил пренесен во охридската болница Св.Еразмо, каде околу 20:20 часот им подлегнал на повредите.

ohrid news motori

Како што информира МВР, вчера околу 15:00 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Лагадин се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со охридски регистерски ознаки управувано од П.П. (30) од с. Косел и моторцикл „Хонда“ со охридски регистерски ознаки управуван од Б.С.(17) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повредни се здобиле Б.С. (17) кој бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје и неговиот сопатник Тони Т. (20) од Охрид кој бил пренесен во охридската болница Св.Еразмо, каде околу 20:20 часот им подлегнал на повредите.

СВР-Охрид изврши увид, а сообраќајот вчера од 15:00 до 16:30 часот беше во прекин. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: