Мото Јове прави „чистка“ на залихите од кациги Вемар, одлична можност да купите квалитетна кацига со попуст до 50%!

eclipse lost times black

Мото Јове прави „чистка“ на залихите од кациги Вемар, одлична можност да купите квалитетна кацига со попуст до 50%!

Во Мото Јове започнува сезоната на попусти, први на удар се кацигите од италијанскиот производител Вемар. Фабриката започнала со работа во 1986 година, а познати се по квалитетната изработка и широката гама на производи. Вемар произведува кациги за секакви типови на мотоцикли и во секакви шари, вклучувајќи ја и првата кацига со хромирана надворешност. Дека станува збор за квалитетни кациги говори и фактот што повеќе светски познати имиња од мото спортот носат Вемар. Со логото Вемар можете да најдете реплика на кацигите на: Алекс ДеАнџелис, Корси и Андреа Довициозо.

Повеќе за изборот на Вемар кациги можете да најдете на http://motojove.com.mk/, или појдете директно во салонот лоциран во Момин Поток каде ќе можете да ги погледнете и да ги пробате кацигите. Не заборавајте, крајот на возната сезона е одличен период за набавка на нова опрема по поволни цени.

Back To Top