Во петок (19-ти септември) ќе прославиме 7 години постоење на нашиот и ваш Мотори.ком.мк

Во петок (19-ти септември) ќе прославиме 7 години постоење на нашиот и ваш Мотори.ком.мк

7godinimotoricommk

Како и до сега на изминатите 6 родендени, ќе почастиме по некоја пијачка, ќе има торта, ама најважно е да се видиме, да си поприкажеме за сезоната која полека изминува, едноставно да си поминеме убаво.

За музиката и доброто расположение ќе се погрижи Жути Суперхикс, за одличната храна тука се дечките од Роад Хаус, а ние како домаќини ќе ве пречекаме со ракија за наздравување и пиво по цена од 50 денари.

Поканата е отворена за СИТЕ наши читатели, сите моторџии, љубители на моторите, мото клубови и поединци. Журката ќе се одржи на Водно во клаб хаусот на POTFAT MC каде нема да пречиме на никого со гласната музика, има доволно простор за кампирање, плус по некое креветче за оние кои нема да можат да си го најдат шаторот ;)

п.с. доколку пиете немојте да возите!

Back To Top