Петтиот мото собир по ред во организација на МК Конзули, оваа година ќе се одржи во ски центарот, Ниже Поле - Пелистер.

11807123 899149116824503 6824707639324758227 o

Петтиот мото собир по ред во организација на МК Конзули, оваа година ќе се одржи во ски центарот, Ниже Поле - Пелистер.

Оваа година за прв пат мото собирот ќе се одржи на местото „СКИ ЦЕНТАР - НИЖЕПОЛЕ“ кое се наоѓа на неколку километри од самото село Нижеполе и е доста атрактивна локација сместена на падините на Баба планина. Од таа причина препорачливо е да се носи потопла облека, зошто вечерите знаат да бидат свежи.

Патот до местото е асвалтиран и има доволно паркинг места. Исто така, за сите оние кои ќе сакаат да преноќат во шатори, местото изобилува со простор за кампување. Добрата скара и пивото по цена од 50 денари за 0,5 стакло се составен дел од добрата забава за која ќе се погрижат повеќе бендови и изведувачи.

11745651 897625356976879 3093639114089332871 n

Мото турата Битола 2015, ќе се одвива по следниот редослед:

- на ден 15.08.2015 (сабота) од 17.00 часот до 18.00 ќе се врши прием и собирање на гостите на плоштадот Магнолија.

- во 18.00 ќе се вози дефилето низ градот од каде директно ќе се оди до „СКИ ЦЕНТАРОТ - НИЖЕПОЛЕ“ местото каде оваа година ќе се одржи собирот.

- во 19.00 почнува официјалната програма која ќе трае се до раните часови во недела 16.08.2015.

Back To Top