Домашни

Motociclismo за Македонија: Од непознато до незаборавно

Македонија се најде на насловната страна на најстарото списание за мотоцикли, италијанскиот магазин „Motociclismo“. На 40 страници, со фотографии и видео на канал на „Јутјуб“, се претставени најживописните предели во Македонија.

Следете нè на:

 

foto comparativa maxienduro 2015 macedonia motociclismo vol 2 47Одлична промоција за туризмот во земјава од страна на „Motociclismo“

Македонија се најде на насловната страна на најстарото списание за мотоцикли, италијанскиот магазин „Motociclismo“. На 40 страници, со фотографии и видео на канал на „Јутјуб“, се претставени најживописните предели во Македонија.

Пред неколку месеци група од неколку италјански моторџии беа во обиколка низ Македонија, а нивните коментари се дека Македонија е погодна и атрактивна дестинација за мото туризмот. Домаќини на оваа група моторџии од Италија беше Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Директорот Кристијан Џамбазовски вели дека нема подобра промоција на една земја од репортажа во едно вакво специјализирано списаниетото кое брои огромен тираж од 160 илјади примероци, а на нивниот Youtube канал имаат над 300 илјади прегледи.

foto comparativa maxienduro 2015 macedonia motociclismo vol 2 34.jpg 1000Италијанците се воодушевени од природните убавини на Македонија

“Пред извезно време имавме организирано информативно патување на екипа од списанието “Motociclismo“, кое е најстаро списание за мотоциклизми во светот, брои тираж од 160 илјади примероци и сега имаат над 300 000 прегледи на нивниот Youtube канал на видеата кои што ги објавуваат. На прес конференцијата објавивме дел од активностите и дел од објавите кои ќе следуваат на Македонија, списанието веќе е излезено и е пуштено во продажба во Италијa. Репортажата за Македонија е претставена на 40 страници, што е прв пат во историјата на ова списание некоја земја да биде промовирана на 40 страници и исто така можам да кажам дека за прв пат беа тестирани мотори во Македонија“ вели директорот на Агенцијата Кристијан Џамбазовски.

Од непознато до незаборавно

Освен што прв пат во списанието се објавува репортажа на дури 40 страници, Џамбазовски вели дека коментарите во репортажата се позитивни.

foto comparativa maxienduro 2015 macedonia motociclismo vol 2 44Различни терени за тест на 7 различни макси ендуро модели

Тие ја опишуваат Македонија за дестинација за која малку се знае, па ја нарекуваат дестинација “Од непознато до незаборавно“. Сето ова ќе допринесе врз зголемувањето на странските туристи како од Италија, така и од останатите земји.

“Рутата беше низ цела Македонија, нашата земја е претставена во најпозитивно светло и очекуваме сето тоа да допинесе за развојот на релациите со Италија и размената на посетители и во последната година имаме преку 15 % раст на туристи во Италија и очекуваме тој позитивен тренд и понатаму да продолжи. Во самата статија се објавени фотографии и статии од повеќе места од Македонија, со оглед на тоа што беше долга програмата и ги опфати сите региони на Македонија од источниот регион кај Радовиш, Струмица, потоа во западниот регион- Галичник, Охрид има најживописни средини кои се претставени во списанието. Македонија е презентирана како една деснинација со квалитетна инфраструктура и дека претставува предизвик да биде посетена. Исто така пишува дека Македонија е дестинација за која малку се знае во Италија но после нивната посета импресиите се силни и нивниот ФБ профил е преоптоварен после објавувањето, па очекуваме сето тоа да даде позитивни резултати“ вели Џамбазовски.

Извор: Република

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.