Мото центарот „Амбасадор“ со отворање на нов и современ салон кој се наоѓа во комплексот кај Здружението на возачи на Ул. Ристо Чадо, го круниса 25. годишното работење, во кои охриѓани и жителите од поширокиот регион ги опслужување со најдобрите марки на мотоцикли во светски рамки.

Во новиот салон кој се протега на 200 метри квадратни има мотоцикли за сечиј вкус, и од сите водечки брендови: Пиаџо, Априлија, Веспа, Сим, Кимко, Педа, Дукати, БМВ, Кавасаки и КТМ. Тие се достапни за разгледување, а со помош на стручните лица вработени во салонот, изборот е уште полесен и подобар.

viber image 2020 12 05 15 16 52b

Името на Мото центарот „Амбасадор“ е препознатливо во цела држава, и е синоним за успешно работење во западна Македонија. Во текот на годините успеавме да ја промениме мото културата и да внесеме многу новитети во нашиот град. – изјави сопственикот Стефан Николоски.

За богатата понуда на мотицикли и цела пропратна опрема за заштита и одржување на мотоциклите, можете да се информирате во новиот и модерен салон на „Амбасадор“ од 9 до 18 часот од понеделник до петок и сабота од 10 до 16 часот.

Извор: ohridnews.com

Back To Top