Еден од најперспективните млади Мотокрос возачи во класата MX85 Антонио Дамјановски од Битола оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“ од Скопје.
Антонио Дамјановски е ученик и денеска наполни 14 години, а веќе 2 години по ред е Шампион во својата класа.
Во просториите на клубот беше потпишан договорот со кој Дамјановски ја официјализираше соработката со „Ендуро Тим Водно“.
Како што најавија од клубот во наредниот период приоритет и цел ке им бидат млади возачи за кои ке се потрудат да им обезбедат подобри услови за исполнување на нивните цели.
Им посакуваме успешна сезона на Ендуро Тим Водно и Антонио Дамјановски.
https://motori.com.mk/domashni/enduro-tim-vodno-zbogaten-so-ushte-eden-chlen-za-2021#sigProId2ee6d0ee36
Би можело да ве интересира
Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.
Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, зборува за можните ривали во сезоната 2021 и колку време ќе му треба за да биде повторно 100% подготвен.
Мотоциклистичката федерација на Македонија во сабота (06.03.2021) ќе ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2020 година.
Honda, KTM, Piaggio и Yamaha потпишаа договор за креирање на „swappable batteries consortium“.
На интернет се појавија фотографии кои покажуваат дека Kawasaki тестира нов H2 SX SE+ кој ќе биде опремен со најнова технологија.
Преставени мотоциклите со кои во сезоната 2021 ќе возат Валентино Роси и Франко Морбидели.