Мото клубот Мечки и оваа година нема да ги заборави дечињата од дневниот центар за лица со посебни потреби од Куманово.

Традиционално и оваа година Мото клуб МЕЧКИ по 10-ти пат организира настан ДЕДО МРАЗ НА МОТОР под мотото "Тажните најубаво се смеат".

mecki dedo mrazПридружете ни се на 26 декември заедно да ја измамиме насмевката на дечињата од дневниот центар за лица со посебни потреби. 

Во 11-часот ќе бидеме на градскиот плоштад Куманово каде ќе имаме изненадувања за најмалите, во 11:50 тргнуваме од плоштадот за да во 12:00 бидеме пред дневниот центар за лица со посебни потреби каде на дечињата кои се штитеници на центарот им поделиме подароци и пакетчиња. 

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА
-Дедо мраз капа
-Насмевка и добро расположение

Back To Top