„Гушни го светот“ првата активност за 2018 ќе ја има на градскиот плоштад во Скопје.
На 1-ви јануари точно на пладне, традиционално, моторџиите го обележуваат почетокот на мото сезоната за престојната година.
Оваа година собирот ќе го збогатиме и ќе му пркосиме на ладното време, со топлите гушки на Силве и Тони од Гушни го светот.
Моторџиите се за нас нешто посебно, нивната подршка највеќе ни значи, не врзува иста страст и љубов, мотори во срцата и бензин во крвта.
Пријателските прегратки со новите моторџии и срдечните гушки со нашите стари пријатели ќе ни бидат стимул и сила за патувањето кое не очекува.
Ги очекуваме подршката од нашите моторџии и сите љубители на две тркала.
Да потсетиме, турнејата на собирање прегратки низ Македонија е веќе започната и се споделува на веб страната и нивната фејсбук страна.