МК Ендуро Тим Водно и  #OffRoadExperience во соработка со еден од најдобрите Европски Мотокрос возачи Христијан Илиовски #90 ќе организираат еднодневни и повеќедневни обуки и кампови за напредни Мотокрос и Ендуро возачи.

Почитувани љубители не мотоспортот,

Со особена чест и задоволство сакаме да Ви најавиме дека за прв пат во нашата држава, МК Ендуро Тим Водно и  #OffRoadExperience во соработка со еден од најдобрите Европски Мотокрос возачи Христијан Илиовски #90 ќе организираат еднодневни и повеќедневни обуки и кампови за напредни Мотокрос и Ендуро возачи.

Обуките ќе се оддржуваат во лимитирана група на различни Мотокрос патеки низ нашата држава, а потенцијалните возачи ќе можат да ја усовршат својата техника со сопствен мотор и опрема (ќе постои и опција за изнајмување на мотор и опрема).

Сведоци сме дека Off Road  дисциплината во мотоциклизмот има се поголема заинтересираност кај љубителите на октаните, а исто така и МХ натпреварувањето. Самата бројка од околу 50 возачи на последната МХ трка која се возеше во Скопје говори за тоа. Затоа се одлучивме на овој потег, да направиме МХ Академија каде што ќе можат сите возачи да си ги подобрат своите вештини, учејки од најдобриот и најтрофениот возач на Балканот и еден од најдобрите Европски возачи Христиан Илиовски.

viber image 2021 04 22 09 42 14

Кој е е Христиан Илиовски ?

Христиан  има 29 години и тој се натпреварува професионално од 7 годишна возраст. Христијан Илиовски важи за еден од најдобрите Мотокрос возачи во историјата на Македонија. Има победено на околу 200 трки, повеќекратен шампион како во Македонија, така и на Источно – Европско првенство. Покрај неговата страст кон трките, истовремено е и тренер на добро познати возачи во и надвор од Македонија. За неговото искуство кажуваат самите бројки, затоа ако се прашувате дали тој е вистинскиот избор за усовшување на Вашето возење (техника), со задоволство ќе Ви одговориме ДА!!!

viber image 2021 04 22 09 42 15

Важни информации за МХ Академијата

Како би изгледала МХ Академијата, што би правеле ?

Првиот тренинг на МХ Академијата е закажан за 16.05.2021 (Недела), на добро познатата патека Орман во Скопје.

МХ Академија е направена се со цел Христиан да го пренесе своето искуство и знаење на сите возачи (аматери или професионалци) кои ќе бидат  вклучени во Академијата.

Право на посета на оваа Академија има секој возач кој веќе има МХ или Ендуро искуство, без разлика на кое ниво е неговата техника на возење (освен почетници) без ограничување на старосната граница (задолжително присуство на родител за малолетни учесници).

Вашиот мотор треба да биде технички исправен. Исто така со Вас мора да имате соодветна заштитна опрема (кацига, панталони, чизми, штитници за колена, боди армор, ракавици, наочари). Доколку немате, ќе постои можност за изнајмување со претходна најава.

Доколку во моментот немате мотор или Вашиот мотор не е технички исправен, постои можност за изнајмување на мотор.

За сите дополнителни инфорации може да се обратите на;

+389 76 20 20 10

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

viber image 2021 04 22 09 42 14a

Back To Top