Милош Дишковиќ е српски рали‑рејд и ендуро возач познат по својата решителност, техничка умешност и силни резултати на домашни и меѓународни натпревари.
Тој има освоено повеќе победи на Xross Challenge настани и ја претставувал Србија на големи рели трки, вклучувајќи го и Hellas Rally, каде што постигна пласман во Топ‑10 меѓу елитните возачи. Во 2025 година стана првиот српски натпреварувач што се натпреварувал на Dinaric Rally, возејќи специјално подготвена Yamaha Tenere 700.
Оваа сезона, 2026, Милош гордо објави дека ќе вози за ATV NAUTICA на VOGE DS800 Rally, натпреварувајќи се во Hellas Rally и Dinaric Rally, како и во бројни други ADV возења, настани и тренинзи.
Еден од овие настани секако е и M*A*R*C каде заедно со Ѓорѓе Шарац, организаторот на ADV Summit Montenegro, ќе биде задолжени за практичните работилници. Финалната одлуката за што точно ќе се работи/демонстрира уште не е донесена, но во игра се обуки за менување гума на терен, поддесување на суспензија на ADV мотор, основи на рели навигација и сл.
Што точно ќе биде дел од M*A*R*C во најголема мера зависи од самите учесници!
Со нетрпение чекам да се приклучам на првиот M*A*R*C во Македонија оваа сезона. 😁💪. Ќе пристигнам директно од Hellas Rally, заедно со ATV & Nautica, подготвен да споделам ново искуство, лекции од трката и практично знаење од рели возењето со Voge 800 Rally.
Инспиративно е да се види како ADV и рели културата се развиваат низ целиот регион, со повеќе возачи, повеќе настани и посилна заедница секоја година. Настани како овој се токму она што му помага на целиот регион да се развива, споделувајќи знаење, градејќи вештини и одржувајќи го духот на авантурата жив низ целиот Балкан. Се гледаме во Македонија!
изјави ексклузивно за motori.com.mk Милош Дишковиќ, официјален амбасадор на Thork Race.
Милош и Ѓорѓе се придружуваат на веќе најавените тренери на настанот, Симон Марчиќ и Виктор Караколев и сите заедно ветуваат викенд за паметење.
Сите детали за настанот се достапни на marc.mk и на Инстаграм (@marc.advcamp). Регистрацијата е во тек, а заради безбедност и максимален фокус на незаборавно искуство, организаторите најавуваат дека број на учесници ќе биде строго ограничен. Тие потсетуваат за побрза регистрација затоа што подоцна може да биде и прекасно.





Коментари