(Време на читање: 1 минута)


Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат во просек за 14.27%! 

Во согласност со методологијата која се користи за пресметување на цените, од вечерва на полноќ значително се зголемуваат малопродажните цени на горивата.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по 5.00 денари, па така од утре еден литар „95-ка“ ќе чини 79.50 денари, додека еден литар „98-ца“ ќе чини 81.50 денари. 

benzin-cena-motori

Енормно зголемувањето има на цената на дизелот. Малопродажната цена на Еуродизел горивото се зголемува за 14.50 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 85.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: