Ретко кој вљубеник во мотоспортот и спортот воопшто не е свесен дека првите две недели од годината се резервирани за релито Дакар. Оваа година по 48 пат бројни натпреварувачи во повеќе класи се соочени со најсериозниот предизвик во спортската историја, завршување на најтешкото рели во светот.
Низ годините, Дакар стана синоним за издржливост, упорност, истрајност, а оние кои не можат ни да си го замислам животот без да се натпреваруваат на Дакар заслужено може да ја добијат и титулата Дакар легенда. Секој натпреварувач кој има повеќе од 10 старта на ова немилосирдно рели се стекнува со ваква одлика.
Токму еден ваква Дакар легенда, словенецот Симон Марчиќ, директно од пустините на Саудиска Арабија, каде по 12 пат се натпреварува, деновиве испрати покана до сите мото ентозујасти од регионов.
Поканата е да му се придржиме него на првиот ADV камп кој ќе се организира од 5 до 7 јуни во Охридско-преспанскиот регион - M*A*R*C
Во 2014. го остварува својот сон и за прв пат учествува на релито Дакар. Оттогаш има 11 учества а во 2024 година се стекнува со официјлната титула Дакар легенда. Се натпреварува во најтешката Original by Motul категорија која е вистински предизвик за возачките способности, издржливоста, но и познавањето на механиката на моторот.
Симон е роден спортист, кој уште од рана возраст го градел својот живот околу спортови кои му носат радост и задоволство, развој и надминување на границите на сопствените способности.
Ја започнал својата кариера како BMX и MTB спуст тркач, а неговата страст кон дветe тркала на крајот го одвела во мотоспортот - првично во ендуро, а подоцна и во рели.
Во 2014. го остварува својот сон и за прв пат учествува на релито Дакар. Оттогаш има 12 учества а во 2024 година се стекнува со официјлната титула Дакар легенда. Се натпреварува во најтешката Original by Motul категорија која е вистински предизвик за возачките способности, издржливоста, но и познавањето на механиката на моторот.

Како активен спортист, Симон никогаш не престанува да се справува со нови предизвици, без разлика дали станува збор за учество во екстремни ендуро натпревари на својот мотор Дакар (Red Bull Romaniacs и Red Bull Erzbergrodeo) или тестирање нови модели на мотоцикли на тежок терен надвор од патот.
Вистинската страст кон мотоциклите е нешто што сака да го споделува и затоа ја креира програмата „Вози со легенда“ (Ride with a legend). Преку неа тој им дава на возачите од целиот свет единствена можност да возат и учат со него, без разлика дали возењето мотоцикл го сметаат за хоби или планираат да ја започнат својата авантура со професионалниот мотоциклизам.
Симон ќе биде еден од неколку тренери на M*A*R*C од 5 до 7. јуни во кампот Љубаништа каде на специјално дизајниран полигон и однапред дефинирани офроуд патеки низ природа ќе вози заедно со локалните и регионални мото ентиузијасти.
Сите детали за настанот се достапни на marc.mk и на Инстаграм (@marc.advcamp). Организаторите најавуваат дека во текот на следните десетина дена ќе биде отворена и регистрацијата за строго ограничен број учесници.

Коментари